Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерот Спасовски во Кривичен суд како сведок за „27 април”

0
By Нова ТВ on May 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Техничкиот премиер Оливер Спасовски пристигна во Кривичниот суд, каде треба да сведочи на рочиштето за предметот „Организатори на 27 април’’, во кој се обвинети поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

За овој настан, но во друг кривичен предмет за „27 април“, Спасовски сведочеше и во 2018 година кога ја вршеше функцијата министер за внатрешни работи. Тогаш пред Кривичниот суд во Скопје, тој изјави дека по влегување на толпата во Собранието, се чувствувал беспомошен, исплашен за сопствениот живот, разочаран и згрозен од постапките на некои со кои секојдневно се гледале и соработувале.

Освен Спасовски, како сведок на Обвинителството на денешното рочиште за организаторите на „27 април” е најавен и Антонио Кочков, учесник во протестите на „За заедничка Македонија”. Исто така и овој сведок претходно има сведочено за насилставата во Собранието на 27 април, но во предметот каде оштетен беше претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Минатото рочиште за овој предмет свои искази пред Судот дадоа сведоците Михаил Младеновски (обвинет, а потоа амнестиран за „27 април“) и Сашко Коцевски, референт за системот и гласање во Собранието.

27.април Кривичен суд Оливер Спасовски рочиште сведок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.