НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресликување на украинското сценарио: Се случува ли втор „Мајдан“ во Белорусија?

0
By Нова ТВ on August 13, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Белорусија не запираат протестите по претседателските избори во неделата. Полицијата се обидува брутално да ги задуши. Набљудувачите веќе повлекуваат паралели со протестите на Мајдан во Киев пред повеќе од шест години кои на крајот доведоа до промена на власта и политиката во Украина. Учесниците во тогашните демонстрации гледаат разлика, но и сличности со актуелните случувања во Белорусија.

„Случувањата во Белорусија, каде со гумени куршуми се пука во главите на луѓето, каде комбе со уапсени лица се залетува во толпа луѓе, сето тоа буди горливи спомени“, вели Олександра Матвијчук од иницијативата „Еуромајдан-СОС“, организација за цивилно општество која за време на протестите на Мајдан им помагаше на жртвите.

„Оваа примена на сила е илегална и мора веднаш да се истражи од страна на меѓународната заедница, за да не останат неказнети припадниците на безбедносните служби“, нагласува таа за „Дојче Веле“.

Меѓусебна поддршка

Матвијчук заедно со околу стотина други активисти во понеделникот вечер отишла пред белоруската амбасада во украинскиот главен град Киев, за да ги поддржи луѓето од соседна Белорусија кои излегоа на улиците. Во таа акција на солидарност учествуваа активисти од цивилното општество, политичари, белоруски мигранти и доброволци кои на истокот на Украина се борат против сепаратистите. Тие ги повикаа белоруските власти да запрат со насилството над сопствениот народ.

Белоруските активисти сакаат што е можно побрзо да се консултира Советот на Европа, за да може да ги набљудува демонстрациите и кршењето на човековите права, тврдат нивните украински симпатизери.

„Би било погрешно да се чека дополнително да се соберат информации и да се започнат истраги, велат тие и додаваат дека белоруските активисти треба брзо да делуваат за да се спречи уште поголемо насилство. Тоа ни помогна за време на Мајдан да ги ограничиме грубите прекршоци“, зборува Матвијчук од сопствено искуство.

Украинците, смета таа, сега треба да се солидаризираат со Белорусите и да го поддржат нивното право на чесни избори. Затоа што и Белорусите ги поддржаа Укринците на Мајдан, а потоа и го бранеа територијалниот интегритет на Украина во Донбас, потсетува нашата соговорничка. За време на демонстрациите во Киев во 2014 година, белорускиот новинар Михаил Шисневски беше една од првите жртви, откако беше пукано со огнено оружје на демонстрантите.

Се будат спомени

И кај адвокатката Јевгенија Сакревска, актуелните случувања во Минск будат спомени. Таа пред судот застапува луѓе кои биле жртви на полициско насилство на киевскиот Мајдан.

„Ноќните видео-стримови од Белорусија се како дежа ву и тоа во двојна смисла“, напиша таа на Фејсбук.

Притоа, од една страна мисли на ноќта во ноември во 2013 година кога безбедносните сили ги разбија демонстрациите против тогашното украинско водство. Се протестираше затоа што беше откажан Договорот за придружување меѓу ЕУ и Украина.

Од друга страна, се сеќава на 2010 година кога, исто така, по изборите во белорускиот главен град Минск беа претепани демонстрантите. Украинскиот активист Павло Сидоренко, предводник на иницијативата „Жртви на Мајдан“ и самиот беше повреден за време на протестите на киевскиот централен плоштад. Тој ги поддржува демонстрациите во Белорусија, но не верува дека демонстрантите имаат некакви шанси.

„Преживувам дежа ву“, вели тој и нагласува дека на белоруските демонстранти им посакува успех. Но, вели и оти Лукашенко веројатно ќе остане на власт со оглед на тоа дека нема никаква координација меѓу различните опозициски сили во Белорусија.

Без убедување, без организација

Сидоренко смета дека самите Белоруси не се премногу убедени во успехот на протестот. И тие се лошо организирани, премногу лошо за да можат да го соборат Лукашенко по 26 години на чело на државата, додаде тој.

„Мајдан беше како мравјалник, каде секој си ја вршеше својата работа, согласно способностите. Имавме една цел, имаше апсолутно убедување дека е потребна промена. Некои чуваа стража, други се грижеа за повредените, некој носеше огревно дрво, а другите во судот ги бранеа уапсените“, се сеќава Сидоренко.

Лукашенко тврди дека зад протестите во Белорусија се „оние што ги влечат конците“ од странство и тоа од Чешка, од Полска, од Украина и други земји. Сидоренко го смета тоа за глупост.

„Таков бунт на општеството не може да се организира вештачки. Или го има или го нема“

Протестите на плоштадот Мајдан во текот на зимата 2013 и 2014 година и сегашните протести во Белорусија се слични, смета и белоруската новинарка Јелена Литвинова. Во интервју за „Дојче Веле“, таа вели дека Украинците, исто како и сега Белорусите, демонстрирале за слободни избори, а не за некоја конкретна личност или кандидат.

Сепак, Литвинова гледа и една јасна разлика меѓу тогашните и сегашните демонстрации: протестите во Украина се проширија и надвор од Киев. На нив учествуваа милиони луѓе. Протестите се проширија од главниот град на подрачјето на целата земја. Во Белорусија ситуацијата е обратна. „Демонстрациите започнаа во регионите, а белоруската државна сила не го имаше предвид токму тој фактор“.

Литвинова гледа две сценарија за Белорусија – или Лукашенко ќе прифати дека граѓаните не ги признаваат изборите како легитимни и оти постојат различни мислења во земјата од неговите, или тој ќе ја засили репресијата уште повеќе.

„Нема враќање назад. Лукашенко имаше шанса да го зачува сопствениот образ и да не ги прогонува активистите. Во тој случај, немаше да владее тотална недоверба во однос на резултатите од изборите. Осумдесет проценти од гласовите за него, тоа е едноставно премногу кога ќе видите колку луѓе се на улица”, вели таа.

Литвинова е убедена дека Белорусија се наоѓа пред промени. Единственото прашање е во која насока ќе се променат работите.

Александар Лукашенко Белорусија избори Мајдан опозиција претседател сценарио Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.