По, три часа во полициската станица Кисела Вода во Скопје, претседателот на патриотското здружение „Андон Лазов Јанев ­ Ќосето“ од Велес Горан Ангелов си замина дома, јави Телма. Со аплауз и овации го дочекаа членови и поддржувачи со обележја и натписи на патриотското здружение „Ќосето“.

Неофицијално, според телевизијата, Ангелов се поврзува со насилствата во Собранието, и е дел од поопсежната истрага на јавното обвинителство. За Ангелов нема барање за притвор, а тој полициската станица ја напушти со својот адвокат.