Претседателот Стево Пендаровски денеска, заедно со вработените во Кабинетот, ја прими третата доза вакцина против коронавирусот.
Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето здравје и здравјето на другите, пишува Пендаровски на својот фејсбук-профил.
Тој додава дека масовната вакцинација е најсигурен и најбезбеден начин за справување со ковид-19.