Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседавачки ротации: Хрватска од денеска со ЕУ, Албанија со ОБСЕ

0
By Нова ТВ on January 1, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватска од денеска е новиот претседавач со Европската Унија (ЕУ). Претседавањето го презема од Финска, а во јуни ќе го предаде на Германија. Официјален Загреб овој ден го смета за историски, имајќи предвид дека државата е последната која влезе во ЕУ, а веќе има сериозна задача пред себе.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во наредните денови ќе биде домаќин и ќе има средби со голем број од челниците на европските институции. Два дена по вториот круг на претседателски избори во земјата на 5 јануари, тој ќе отпатува во Париз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Меѓу темите на разговор, според најавите, ќе биде и проширувањето на ЕУ што ќе биде високо на агендата за време на хрватското претседателство.

На 8 јануари во Загреб ќе гостува претседателот на Европскиот Совет, Шарл Михел, а на 16 јануари, Пленковиќ ќе патува во Германија на средба со канцеларката Ангела Меркел.

Владата во Загреб веќе ги започна и подготовките за Самитот на ЕУ, кој во мај ќе се одржи во Хрватска. Овој самит има големо значење и за нашата земја. Северна Македонија, по состанокот на Унијата во октомври во Брисел, има големи очекувања од самитот во Загреб, каде што се очекува да биде доделен и конкретен датум за почеток на преговорите за членство.

 

Фото: intellinews.com

Хрватската Влада неколку пати го повтори ставот дека отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија е нешто што треба да се случи за време на нивното претседателство, порака што до Макрон, пред неколку недели, упати и премиерот Пленковиќ. Хрватските власти најавија дека на мајскиот самит во Загреб ќе бидат поканети да учествуваат и шест држави од Југоисточна Европа.

По Хрватска, претседателството со ЕУ ќе го преземе Германија за потоа, во ротацијата, да следуваат Португалија, па Словенија.

Албанија презема претседавање со ОБСЕ

Албанија, пак, од денеска ја наследува Словачка во претседателството со Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ), најавувајќи дека еден од нејзините клучни приоритети ќе бидат напорите за решавање на конфликти. Функцијата претседавач, како што е најавено во соопштението на ОБСЕ, ќе ја извршува албанскиот премиер, Еди Рама.

Тој истакна дека преземањето на претседателството со ОБСЕ е историски момент и чест за Албанија.

„Претседавањето со ОБСЕ е кулминација на нашата значајна трансформација“, истакна тој.

Албанија ќе се фокусира на заедничко спроведување на основите на ОБСЕ, како што е спречување ескалација на конфликти, следење избори, поддршка на реформите, подобрување на безбедноста и просперитетот на граѓаните, итн.

Фото: balkaninsight.com

„Кризата во Украина и се што се случува околу неа останува актуелен безбедносен предизвик во Европа. Напорите за решавање конфликти ќе бидат на врвот на приоритетите на албанското претседателство затоа што е неприфатливо долгогодишните конфликти во регионот на ОБСЕ да продолжат да влијаат врз животите“, рече Рама.

Тој, исто така, посочи дека борбата против корупцијата ќе биде приоритет, бидејќи корупцијата ги поткопува темелите на демократијата и има негативно влијание врз просперитетот и безбедноста на регионот на ОБСЕ, заедно со транснационалните закани.

Рама истакна дека ќе продолжи да се бори против говорот на омраза ширум Европа и ја нагласи потребата за засилени напори за борба против дискриминацијата и промовирање на човековите права и слободи. Официјалното преземање на албанското претседателството со ОБСЕ е закажано на 9 јануари во Виена.

Албанија ЕУ ОБСЕ претседателство Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.