Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Презентација на ТЕТРА системот, клучен за крвавиот четврток

0
By Нова ТВ on November 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 17, 2017 13:09

Македонија има современ дигитален комуникациски радио систем за полициските службеници кој може да опслужи 6.000 корисници, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар присуствуваа на презентација на ТЕТРА системот во СВР Скопје.

– МВР во подготовката на ТЕТРА системот е вклучено од самиот почеток. Од 2005 година, со подготовката на физибилити студија,  се до денеска. Благодарение на поддршката на ЕУ имаме современ  дигитален комуникациски радио систем. Овој систем треба да го користат и другите служби кои се дел од јавната безбедност, како и брзата помош противпожарната бригада, рече Спасовски.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар информираше дека ЕУ доделила 20 милиони евра за овој проект кој е имплементиран во три фази. Жбогар рече дека денеска дознал дека ТЕТРА системот покрива 99 проценти од територијата на Република Македонија.

Тогашниот министер за внатрешни работи Агум Нухиу во мај годинава, во интервју за телевизија Алсат  откри дека од 2014 година не функционира интерниот систем за снимање на командите во МВР. Тоа значи дека не се чуваат докази кој кому издавал наредби во полицијата, кој одбил или постапил по командите.

Ова беше актуелизирано по настаните на 27 април во Собранието, бидејќи токму поради нефункционирањето на овој систем не може да се открие кои разговори во МВР не се снимени на крвавиот 27. април,  дали полицајците барале засилување, јавил ли некој од нив на своите старешини дека пратениците им асистираат на насилниците и ги отвораат вратите од Парламентот за да влезе толпата, какви команди издавал Оперативниот штаб на чело со директорот на БЈБ Митко Чавков?

Четири милиони евра пари на ЕУ за блокиран комуникациски систем во МВР

 

27.април Агим Нухиу Жбогар Спасовски ТЕТРА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.