Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преживеа нов „руски рулет“: Хрватска на пенали до полуфинале (Видео)

0
By Нова ТВ on July 8, 2018 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалска реминисценција во Хрватска. „Коцкестата“ репрезентација по цели две децении ќе игра полуфинале на Светско првенство. Избраниците на Златко Далиќ вечерва ја елиминираа Русија за комплетирање на големата четворка на мундијалот. Влезот во неа беше поплочен на идентичен начин како и во осминафиналето против Данска – на пенали. И Хрватите и Русите постигнаа по гол во основниот дел (1:1) од пресметката во олимписко Сочи, и Хрватите и Русите постигнаа по гол во двете продолженија (2:2), но Хрватите постигнаа еден повеќе од Русите во серијата удари од белата точка или ако сакате Русите промашија еден повеќе.

Серијата голови на стадионот „Фишт“ на брегот на Црното море ја отворија и затворија фудбалерите на „зборнаја“. Денис Черишев со прекрасен погодок од 20. метри во 31. минута обезбеди водство за домаќинот на СП 2018 на што одговори Андреј Крамариќ во 39. минута за израмнување на Хрватите на 1:1, резултат што остана непроменет до истекот на 90. минута. „Коцкестите“ порешително влегоа во продолженијата, а последица на таквиот нивни пристап беше голот на Домагој Вида во 101. минута за 2:1.

https://www.youtube.com/watch?v=1W5kGC0idVY

Стекнатата предност на Хрватите на терен ги крена на нозе нивните навивачи на трибините. Имуна во ситуацијата не остана ниту хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ која голот на Вида го прослави со танц во свечената ложа во која беше во друштво на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и рускиот премиер, Дмитри Медведев.

Русите ја прифатија фрлената ракавица и со сите сили тргнаа по втор погодок што дочекаа да го прослават во 115. минута. Џагоев нафрли, Фернандез со глава го совлада Субашиќ и го одведе мечот до изведување на пенали. Брозовиќ, Модриќ, Вида и Ракитиќ беа сигурни егзекутори од белата точка за Хрватска за која промаши единствено Матео Ковачиќ. Алан Џагоев, Сергеј Игнашевич и Далер Кузјаев реализираа за руската репрезентација, но не и Федор Смолов и човекот што ги осигура пеналите, Марио Фернандес.

Ривал на Хрватска во полуфиналето во среда (20 ч.) на стадионот „Лужники“ во Москва ќе биде Англија чија селекција со 2:0 во четврт-финалето славеше над Шведска.

Русија – Хрватска 1:1 (1:1); по продолженија 2:2; на пенали 3:4

Стадион: „Фишт“ во Сочи. Гледачи: 44.287. Гл. судија: Сандро Ричи. Асистенти: Емерсон де Карвалјо и Марсело ван Гасе. Ж. картони: Ѕјуба, Газински (Русија); Стриниќ, Вида, Ловрен (Хрватска). Стрелци: Черишев 31’, Фернандес 115’ за Русија; Крамариќ 39’, Вида 101’ за Хрватска.

Русија (формација 4-2-3-1): Акинфеев – Кудрјашов, Игнашевич, Кутепов, Фернандес – Кузјаев, Зобнин – Черишев (Смолов 67’), Самедов (Ерохин 54’), Головин (Џагоев 102’) – Ѕјуба (Газински 79’). Селектор: Станислав Черчесов.

Хрватска (формација 4-2-3-1): Субашиќ – Стриниќ (Пивариќ 74’), Вида, Ловрен, Врсаљко (Чорлука 97’) – Ракитиќ, Модриќ – Перишиќ (Брозовиќ 63’), Крамариќ (Ковачиќ 88’), Ребиќ – Манџукиќ. Селектор: Златко Далиќ.

Четврт-финале

Русија – Хрватска 1:1 (1:1); по продолженија 2:2; на пенали 3:4

Шведска – Англија 0:2

Бразил – Белгија 1:2

Уругвај – Франција 0:2

Двојки за полуфинале

Франција – Белгија (вторник, 20 ч., Санкт Петербург)

Хрватска – Англија (среда, 20 ч., Москва)

Русија СП 2018 фудбал Хрватска Четврт-финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.