Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прислушување: Кои, како и зошто?

1
By Нова ТВ on October 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 22, 2016 09:00

Пишува:Симо Груевски, дипл.инж. по телекомуникации

Во услови на зголемен интерес кај граѓаните за работата на специјалното јавно обвинителство (СЈО), јас како еден од поинформираните за случувањата со прислушувањата на граѓаните на РМ, чувствувам потреба и обврска да ги изложам моите сознанија за овој феномен. Со 35 годишно работно искуство во областа на телекомуникациите имав прилика одблизу да се запознам со организацијата и извршувањето на прислушување преку системот на Телеком.

Генезата на прислушување влече корени уште од почетокот на основање на претпријатието Македонски пошти и телекомуникации (МПТ). Со оглед на технологијата што во минатото се користеше во телекомуникациите, надлежните државни служби функцијата на прислушкување ја обезбедуваа со овластување на посебно стручно лице вработено во Телеком, а контролирано од надлежните државни служби. Ова лице за потребите на МВР преспојуваше во Телекомот ТФ врски до МВР без посебно одобрение од надлежни раководители од компанијата. Ова двовластие (безвластие) беше прекинато со назначување за генерален директор на МПТ на Иван Гиновски во 1991 год.

Една случка на која бев очевидец се случи токму во 1991 год. во канцеларијата на генералниот директор Гиновски, а која ги расветлува околностите и важноста на прислушувањето за надлежните државни институции. Имено, тогашниот министер на МВР, покојниот Јордан Мијалков добил информација дека директорот на Телеком Гиновски не му дозволувал на лицето овластено од МВР да врши преспојување на ТФ врските во Телеком без претходно известување и согласност од надлежните одговорни лица во фирмата. Поради оваа ,,блокада,, министерот Мијалков испрати неколку борни коли пред портите на Телеком, со цел да го исплаши ,,осилениот,, Гиновски.

Бидејќи со тоа не се постигна целта Мијалков дојде лично да се пресмета со Гиновски. По некоја случајност јас и уште еден директор на ООЗТ (Ацо Шперц) бевме во канцеларијата на Гиновски, додека Мијалков со себе водеше уште едно лице, најверојатно телохранител од МВР. Односот на Мијалков за мене беше повеќе од силеџиски. Гиновски со својот тврд карактер оправдано укажа дека без негово знаење и согласност никој не смее да ги злоупотребува врските на Телекомот. Во еден момент расправата излезе од нормала па Мијалков извади од своето куферче мала автоматска пушка, на што Гиновски повика: ,,Ајде пукај што чекаш“. Со наша интервенција некако се смири ситуацијата, па агресивниот министер се спакува и со својот придружник го напуштија Телекомот. По некое време,за жал, Мијалков загина во сообраќајна несреќа. За мандатот на Гиновски преспојувањето на врските преку врските на Телекомот се одвиваше контролирано.

Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 год. се променија состојбите за можност за прислушкување. Стручни лица од колективот кој дотогаш јас го раководев добија налог да извршат преспојување на водовите во Телекомот преку оптички кабли до МВР. Со овие преспојувања буквално сигналите од сите базни станици од мобилната мрежа и сигналите од фиксната мрежа и порано и сега сеуште се носат и до МВР. Со тоа му се овозможи на МВР да снима и прислушкува, но со најава и согласност на операторите како даватели на ТК услуги. Се сомневам дека оваа обврска МВР ја почитувало, бидејќи налозите за прислушкување неспорно потекнувале од институција со која до неодамна раководеше Сашо Мијалков, а во Телекомот одговорно и влијателно лице сеуште е Жарко Луковски, кумашин на Мијалков.

Опремата што за оваа цел беше набавена и инсталирана во МВР е современа и максимално софистицирана и преку истата може истовремено да се снима огромен број на телефонски врски без учество на човечки фактор. Сите изјави на Груевски за снимања со некакви комбиња се небулози и приказни за неговите слепи подржувачи.

За крај останувам со дилема зошто прислушкуваните граѓани а посебно новинарите кои поседуваат доказ од прислушувањето не бараат преку судовите обештетување од ТК оператори чии услуги ги користеле во терминот на прислушување.

Жарко Луковски Јордан Мијалков Македонски Телеком МВР прислушкување СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.