Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проект „Македонија без кал“: Санација на 450 километри локални улици и патишта

0
By Нова ТВ on March 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 2, 2020 12:13

Стартуваше тацијата на проектот „Македонија без кал“ со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини и Град Скопје со 70 милиони евра кредит од Светска банка. Ќе се спроведат и обуки за жени превозници и преквалификација на лица поврзани со транспорт.

Градоначалниците и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска во Владата потпишаа Меморандум за соработка со што стартуваше проектот за подобрување на патната поврзаност, безбедноста во сообраќајот и локалниот и државниот економски развој. Првиот тендер од проектот со кој е предвидена санација на патишта во должина од 23 километри во вредност од пет милиони евра е веќе доставен на одобрување во банката.

Висината на средствата е различна за секоја општина, а се утврдува според бројот на население и на населени места, површината и на регистрираните моторни возила. На располагање стојат од пола милиони до два милиона евра.

„Секоја општина до Министерството за транспорт и врски доставува готови ревидирани проекти кои се проверуваат и потоа се доставуваат до банката. За прифатливите проекти Министерството спроведува јавни набавки за градежни работи и надзор. Првиот тендер е доставен до банката на одобрување и штом се добие потврда ќе биде објавен. Во таа фаза ќе бидат опфатени голем број општини и моите очекувања се дека тоа ќе се случи многу бргу. Се работи за санација на улици во овие општиуни во вкупна должина од 23 километри и инвестиција од пет милиони евра“, рече Сугарески.

Како што истакна, улогата на општините е од голема важност бидејќи од нив се очекува да подготват и достават квалитетна проектна документација до Министерството за да може навреме да се искористат парите. Секоја општина сама ги утврдува приоритетните улици и патишта за кои сака финансирање.

„Апелирам до сите градоначалници, иако најголемиот дел имат доставено, да подготват плус квалитетни проекти. Посебен акцент ќе се стави и на јакнење на капацитетите на општинската амдинистрација за подобрување на патната инфраструктура, времено вработување, учество во обуки и преквалификација на жени, меѓу кои и Ромки, за работни активности поврзни со транспорт и градежните работи за подобрување на локалната патна инфраструктура и превоз“, информира Сугарески.

Извршната директорка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Душица Перишиќ истакна дека проектот за санација на локалните патишта, заедно со дополнителниот проект за изградба на водовод и канализации, ситуацијата во општните ќе се доведе на приближно добро ниво бидејќи, потенцираше „факт е дека општините во нашата земја се најсиромашни во Европа“.

„Ова е значајна помош од Владата до општините и се надевам дека реализацијата ќе биде брза“, рече Перишиќ.

Како што нагласи премиерот Оливер Спасовски, почнува процес на голема сезона на изградба и ревитализација на локалната патна инфраструктура, односно практична реализација на ветениот проект „Македонија без кал“.

„Владата презема активности за подобри услови и квалитет на живот за сите граѓани без разлика на тоа каде живеат. Во изминатите две и пол години покажа дека се грижи за граѓаните, како и цврста определба да ја поддржи локалната заедница. Времињата на стрипор фасади што денеска се рушат и безмислени објекти што се градеа до пред неколку години се зад нас. Оваа Влада направи пресврт во приоритеите и преку овој проект се овозможува зголема мобилност на граѓаните, безбедноста на патиштата, преку санирање на црни точки, поставување хоризонтална и вертикална сигнализација, осветлување“, рече Спасовски.

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска истакна дека квалитетната инфраструктура е многу значајна за економски раст и развој што е едно од клучните барања како на граѓаните, така и на бизнисот. Обезбедуваме побрз и побезбеден транспорт, санација на постојната локална инфраструктура, особено во деловите што беа заборавени“, наведе Царовска.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, пак, истакна дека средствата од заемот се обезбедени под исклучително поволни услови од Светска банка, рокот на отплата е 15 години со грејс период од пет години и каматна стапка од шестмесечен еурибор.

„Секој вложен денар во инфаструктурата се враќа четирикратно во економијата. Развојот на локалната инфраструктура е значајна за развој на локалната економија“, рече Ангеловска.

Проектот е дел од четиригодишната рамка за соработка со СБ со вкупна вредност од 420 милиони евра.

„Македонија без кал“ патишта проект Санација Светска банка улици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.