Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Профил на Перу за СП2018: Еуфоријата ја заниша Лима како земјотрес

0
By Нова ТВ on June 12, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 12, 2018 21:31

Перуанските фудбалери беа последни кои извадија мундијалска виза. Учество на петтото Светско првенство, прво по 1982 година, осигураа низ бараж двомеч со Нов Зеланд во кои како решавачки се покажаа головите на Џеферсон Фарфан и на Кристијан Рамос. Притоа главниот град Лима се тресеше како да е земјотрес на што во еден момент се посомнева целата нација. Но, набрзо стигнаа смирувачки тонови.

„Можеме да потврдиме дека нема земјотресни активности под Лима. Се чини дека возбудата на Перуанците ја активира апликацијата“, објавија од сеизмолошката служба на Перу.

Џеферсон Фарфан, без сомнение, е клучна фигура во тимот на Перу и покрај неговите 33 години. Со 23. гола во 79. настапи, играчот на московска Локомотива важи за алфа и омега во националниот ростер. И за играта и за самодовербата на соиграчите и за општата атмосфера во соблекувалната, на тренинзите, во натпреварите. Во квалификациите за СП 2018 одигра четири средби во кои постигна три гола.

Со Перу е поврзана и една од многуте анегдоти во кариерата на Диего Армандо Марадона. Контроверзниот Аргентинец се присети на настап за „гаучосите“ против јужноамериканскиот ривал што ја отсликува упорноста на популарните „инки“.

„Не можев да поверувам. Ме тепаше цел натпревар. Секаде одеше крај мене. Во еден момент ја повредив ногата и накратко го напуштив теренот. По укажаната лекарска помош, будалата стоеше крај аут линијата и чекаше да се вратам во игра. Беше неверојатен“, истакна Марадона за Луис Рејна, човекот кој во 1985 година успеа да го запре еден од, тогаш, најдобрите светски фудбалери.

Перуанците овојпат немаат играч од типот на Рејна, но уживаат во приликата што се дел од мундијал по пост од 36 години. Десет меча во низа не знаат за пораз, последниот го доживеаја лани во ноември од Бразил, па оттука не чуди што и така високо котираат на ранг листата на ФИФА.

На перуанската клупа од 2015 година седи „тигарот“ каков што прекар носи 59 годишниот Аргентинец Рикардо Гарека. Две децении е во тренерски води, а во кариерата забележа 20 настапи во дресот на „гаучосите“ и засега врши одлична работа во Лима.

Освоеното седмо место во 1970 година е нивни најдобар резултат на завршните турнири досега. Како ќе мине 11. селекција на ФИФА ранг листата и дали ќе има ново активирање на апликацијата за земјотреси ова лето останува да видиме.

Конечен список на Перу за СП 2018

Голмани

Педро Галјезе (Веракруз)

Хозе Карвалјо (УТЦ)

Карлос Каседа (Мунисипал)

Одбрана

Луис Адвинкула (Лобос)

Мигел Траухо (Алијанса Лима)

Алдо Корсо (Университарио)

Нилсон Лојола (Мелгар)

Кристијан Рамос (Веракруз)

Алберто Родригез (Јуниор)

Андерсон Сантамарија (Пуебла)

Мигел Траук (Фламенго)

Среден ред

Педро Акињо (Лобос)

Вилмер Картахена (Веракруз)

Кристијан Куева (Сао Паоло)

Едисон Флорес (Алборг)

Паоло Хуртадо (Виторија Гимараеш)

Енди Поло (Портланд тимберс)

Ренато Тапија (Феенорд)

Јошимар Јотун (Орландо сити)

Напад

Андре Карилјо (Вотфорд)

Раул Рудијаз (Морелија)

Џеферсон Фарфан (Локомотива Москва)

Паоло Гереро (Гламенго)

Селектор: Рикардо Гарека

МЕЧЕВИ НА СП 2018

Перу – Данска (16 јуни, 18 ч.)

Франција – Перу (21 јуни, 17 ч.)

Австралија – Перу (26 јуни, 16 ч.)

Резултати во подготвителниот период

Шведска – Перу 0:0

Саудиска Арабија – Перу 0:3

Перу – Шкотска 2:0

Исланд – Перу 1:3

Перу – Хрватска 2:0

Лична карта на Перу

ФИФА ранг листа: 11 место

Прекар: Инки

Настапи на СП: 4

Најдобар пласман: четврт-финале во 1970 година и во 1978 година

Настапи на Копа Америка: 29

Најдобар пласман: шампиони во 1939 година и во 1975 година

Најдобар стрелец: Паоло Гереро – 34 гола

Најмногу настапи: Роберто Паласиос – 128 меча

Прв меѓународен меч: Перу – Уругвај 0:4 во 1927 година

Најубедлива победа: Перу – Еквадор 9:1 во 1938 година

Најубедлив пораз: Бразил – Перу 7:0 во 1997 година

Перу Профил Русија СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.