Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Профил на Русија за СП2018: Пола век во сенка на генерацијата на Јашин

0
By Нова ТВ on June 5, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 5, 2018 04:17

Станислав Черчесов ја предводи четвртата генерација на руски фудбалери што ќе заигра на Светско првенство по дебито на мундијалот во САД во 1994 година иако „зборнаја команда“ како дел од поранешниот Советски Сојуз може да се пофали со четврто место на планетарниот турнир во 1966 година. Но, претстојниот го дочекува како најслабо рангирана селекција на ФИФА ранг листата (65 место). И покрај тоа се најде меѓу носителите во ждрепката благодарение на улогата на домаќин што ја има ова лето.

Русија по многу нешта, позитивни и негативни, е прва во историјата на СП. Го дава првиот и засега единствен играч што постигнал пет гола (сите со десна нога) во 90 мундијалски минути. Тоа е Олег Саленко во убедливиот триумф над Камерун со 6:1 на турнирот пред 24 години. И првиот фудбалер кој влегол во судиски бележник е Русин. Евгениј Ловчев, како член на репрезентацијата на СССР, е запишан во историјата како играч кој пожолте на СП 1970 во Мексико, премиерно на кое арбитрите имаа картони во џеб.

Дотогаш натпреварите на СП се играа и без замени. Во случај на повреда екипата продолжувала со играч помалку. Рускиот репрезентативец Виктор Серебрјаников е првиот што бил повлечен од терен. Неговиот сонародник Лев Јашин, пак, е првиот и единствен чувар на мрежата со наградата „Златна топка“, а „зборнаја“ го имаше и првиот голмански тандем на Светските фудбалски првенства во Вјачеслав и Виктор Чанов на завршницата во 1982 година.

Нивниот колега Игор Акинфеев овојпат би можел да биде од витално значење за амбициите на Русија на СП 2018. Лојален на московска ЦСКА (цела кариера ја мина на голот на „армејците“) и со своето искуство што го акумулира во преку 100 настапи за репрезентацијата, може да биде решавачки фактор за минување на групата А и минување во нокаут фаза.

По разочарувачките изданија на ланскиот Куп на конфедерации, Черчесов застана во одбрана на своите играчи велејќи дека треба да „созреат“. Во ноември лани даде изјава во која испорача, за многумина, невиден оптимизам и верба дека Русија може до полуфинале ова лето.

Русија ќе игра во групата А во која за ривали ги има Уругвај, Египет и Саудиска Арабија.

Конечен состав на Русија за СП 2018

Голмани

Игор Акинфеев (ЦСКА Москва)

Владимир Габулов (Бриж)

Андреј Лунев (Зенит Санкт Петербург)

Одбрана

Владимир Гранат (Рубин Казањ)

Федор Кудрашов (Рубин Казањ)

Илја Кутепов (Спартак Москва)

Андреј Семенов (Ахмат Грозни)

Игор Смолников (Зенит Санкт Петербург)

Марио Фернандеш (ЦСКА Москва)

Сергеј Игнашевич (ЦСКА Москва)

Среден ред

Јури Газински (Краснодар)

Александар Головин (ЦСКА Москва)

Алан Џагоев (ЦСКА Москва)

Александар Ерохин (Зенит Санкт Петербург)

Јури Жирков (Зенит Санкт Петербург)

Далер Кузаев (Зенит Санкт Петербург)

Роман Зобнин (Спартак Москва)

Александар Самедов (Спартак Москва)

Антон Миранчук (Локомотива Москва)

Денис Черишев (Вилјареал)

Напад

Артем Ѕјуба (Арсенал Тула)

Алексеј Миранчук (Локомотива Москва)

Фјодор Смолов (Краснодар)

Селектор: Станислав Черчесов

МЕЧЕВИ НА СП 2018

Русија – Саудиска Арабија (14 јуни, 17 ч.)

Русија – Египет (19 јуни, 20 ч.)

Уругвај – Русија (25 јуни, 16 ч.)

Резултати во подготвителниот период

Русија – Турција (вторник, 18 ч.)

Австрија – Русија 1:0

Русија – Франција 1:3

Русија – Бразил 0:3

Русија – Шпанија 3:3

Русија – Аргентина 0:1

Русија – Иран 1:1

Русија – Јужна Кореја 4:2

Лична карта на Русија (вклучувајќи го и периодот на СССР)

ФИФА ранг листа: 66 место

Прекар: зборнаја

Настапи на СП: 10

Најдобар пласман: 4. место во 1966 година

Настапи на ЕП: 11

Најдобар пласман: шампион во 1960 година

Најдобар стрелец: Александар Кержаков – 30 гола

Најмногу настапи: Сергеј Игнашевич – 121 меч

Прв меѓународен меч како Русија: против Мексико 2:0 во 1992 година

Најубедлива победа: Сан Марино – Русија 0:7 и Лихтенштајн – Русија 0:7

Најубедлив пораз: Португалија – Русија 7:1

Профил Русија СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.