Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Профил на Шпанија за СП2018: Од тронот во Африка до групата во Бразил

0
By Нова ТВ on June 10, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Јужна Африка во 2010 година ја освои шампионската титула, во Бразил во 2014 година не успеа ниту низ групата, но, сеедно, Шпанија остави неизбришлива трага во светскиот фудбал во последните десет години. Нејзините клубови подигнаа 13 од последните 14 трофеи на престижните натпреварувања, нејзината, пак, репрезентација е првата што во истовреме била планетарен, континентален и олимписки првак. По дифолт е фаворит каде и да се појави, а така ќе биде и ова лето во Русија каде „црвената фурија“ се вбројува во редот на петте најсериозни кандидати за тронот.

Шпанскиот ростер обединува(ше) мноштво ѕвезди. Меѓу нив и неуморниот Андрес Иниеста, последната оска на неверојатниот триаголник во средниот ред покрај Чаби Алонсо и Чави, за кого претстојниот мундијал, најверојатно, ќе биде последен во кариерата. Иако има 34 години, сепак, играчот на Барселона и натаму важи за мотор на националниот тим, а негово дело беше голот против Холандија за злато на турнирот пред осум години. Со пребогатото искуство што го носи во себе и со поддршка на помладите колеги како Марко Асенсио, Иско и Тиаго, ќе претставува силен адут, ако не и најсилен, во намерата за детронизирање на Германија.

Велат дека е лесно да се очекуваат и освојуваат пехари кога под команда ги имате едни од најдобрите во било кој спорт. Но, истовремено, е ѓаволски тешко да се балансира индивидуалното во функција на колективното и на опшиот амбиент во средината, особено во ѕвездена каква е шпанската што може да подразбира его, суети, различни карактери, итн. За нивелирање е задолжен селекторот Хулен Лопетеги, поранешен голман, кој е еден од ретките кои заиграле за вечните пиринејски ривали – Барселона и Реал Мадрид. На површина, сепак, исплива меѓу стативите на Рајо Валјекано, а по мандатите во младите шпански репрезентации (У19 и У21) и освоените европски круни со нив, како логична последица дојде и кормилото на сениорите по разделбата на федерацијата со Висенте дел Боске. Јавноста со доза на скептичност го прифати неговото назначување за селектор на фудбалската репрезентација на што тој одговори со 75 отсто победи во 16 официјални меча досега во кои нема пораз. Светското првенство во Русија ќе биде одлична прилика за убедување на оние за кои сè уште се резервирани во неговиот капацитет за највисоки дострели со националниот тим на големата сцена.

Конечен список на Шпанија за СП 2018

Голмани

Давид де Хеа (Манчестер Јунајтед)

Кепа Аризабалага (Атлетик Билбао)

Пепе Реина (Милан)

Одбрана

Жерар Пике (Барселона)

Серхио Рамос (Реал Мадрид)

Сезар Аспиликуета (Челзи)

Начо (Реал Мадрид)

Алваро Одриозола (Реал Сосиедад)

Жорди Алба (Барселона)

Дани Карвахал (Реал Мадрид)

Начо Монреал (Арсенал)

Среден ред

Серхио Бускетс (Барселона)

Марко Асенсио (Реал Мадрид)

Андрес Иниеста (Барселона)

Иско (Реал Мадрид)

Саул Нигез (Атлетико Мадрид)

Тијаго Алкантара (Баерн Минхен)

Коке (Атлетико Мадрид)

Давид Силва (Манчестер сити)

Напад

Јаго Аспас (Селта)

Родриго (Валенсија)

Диего Коста (Атлетико Мадрид)

Лукас Васкез (Реал Мадрид)

Селектор: Хулен Лопетеги

МЕЧЕВИ НА СП 2018

Португалија – Шпанија (15 јуни, 20 ч.)

Иран – Шпанија (20 јуни, 20 ч.)

Шпанија – Мароко (25 јуни, 20 ч.)

Резултати во подготвителниот период

Тунис – Шпанија 0:1

Шпанија – Швајцарија 1:1

Шпанија – Аргентина 6:1

Германија – Шпанија 1:1

Русија – Шпанија 3:3

Шпанија – Костарика 5:0

Лична карта на Шпанија

ФИФА ранг листа: 8 место

Прекар: Црвена фурија

Настапи на СП: 14

Најдобар пласман: шампиони во 2010 година

Настапи на ЕП: 10

Најдобар пласман: шампиони во 1964 година, во 2008 година и во 2012 година

Најдобар стрелец: Давид Вилја – 59 гола

Најмногу настапи: Икер Касилјас – 167 меча

Прв меѓународен меч: Шпанија – Данска 1:0 во 1920 година

Најубедлива победа: Шпанија – Бугарија 13:0 во 1933 година

Најубедлив пораз: Шпанија – Италија 1:7 во 1928 година

Профил Русија СП 2018 фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.