Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Профил Тарчуловски: Од воен злосторник до кандидат за градоначалник

0
By Нова ТВ on October 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 11, 2017 20:50

Јохан Тарчуловски – водач на „Комитите“, хашки затвореник, пратеник, па кандидат за градоначалник на Кисела Вода.

Со сиот негов „багаж“ од минатото, ВМРО-ДПМНЕ прво го стави на добитно место на парламентарните избори во декември минатата година, а сега за локалните избори на 15 октомври, партијата на Груевски одлучи да го кандидира за градоначалник на Кисела Вода.

Во своите говори на митинзите, на присутните граѓани им се обраќа со „браќа и сестри“, а покрај ветувањата од изборната програма, редовно зборува за патриоти и предавници, со воинствен став дека е дојдено време повторно народот да се сплоти и да остане единствен во одбрана на татковината.

„Јас сум човек кој минал низ радости и тага. Многупати сум се радувал, но многу пати душата ме болела. Сегашната болка е најголема, бидејќи е болка за Македонија. Не ме гледајте како човек на кој му е потребна функција и фотелја. Чувствувајте ме како ваш син, пријател и брат. Како што вели нашиот Петре М. Андреевски, племето наше е пиреј и не го ништи ниту една војска, само малку да се допре до земја и пак ќе оживее, пак ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева, ништо не ја ништи Македонија. Да се биде Македонец е света работа , но и проклетство на вечна борба за Македонија“, вели на еден од митинзите Јохан Тарчуловски.

https://www.facebook.com/Johan.Tarculovski/videos/1550531451656557/

Тој неговата програма ја дели на три категории: „Семејството – бескрајна љубов и истрајност“, „Пензионерите – темел на искуството“ и „Младите – иднината на општината“.

Тарчуловски ако биде избран за градоначалник најавува изградба на нови градинки, реконструкција на училишта, зазеленување на општината, активирање на пензионерските клубови, бесплатни обуки за компјутери, 11 октомври – ден на пензионерите, субвенционирање на иновативни проекти за отпочнување на свој бизнис, финасиска подршка во период од 3 години за „старт-ап“ бизниси, посредување при вработување во компаниите од о. Кисела Вода, активирање на младински клубови…

Тарчуловски во кампањата е особено внимателен кон жените од неговата општина, посебно кон неговите сопартијки за кои изјави:

„Голема почит и огромно Благодарам за поддршката која ми ја дава понежниот пол, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ“.

Тарчуловски ја потпиша Јавната заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство. Како иден градоначалник, се обврза да ги заштити и поддржи сите ранливи категории на граѓани и активна соработка со невладиниот сектор.

 

Во брак е со македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска со која имаат две деца. Не изостави во кампањата да ја спомене неговата сопруга, на која и вети дека првото кафе како градоначалник ќе го испие со неа.

„ На барање на ОБСЕ/ОДИХР, остварив средба со постојаните претставници г-дин Хелмут Госер и г-ѓа Маркета Неквиндова…Разговорот го завршивме со тоа што морав да ги разочарам. Побараа од мене заедно да го испиеме првото кафе како градоначалник на Кисела Вода. Сепак, првото кафе ќе го испијам со мојата сопруга, мојата најголема поддршка и љубов. Второто кафе им го ветив нив“, вели Тарчуловски.

Тарчуловски не чувствува одговорност за крвавиот четврток на 27 април

Јохан Тарчуловски член на ВМРО-ДПМНЕ станал уште од самото формирање, а во 1993 бил избран за претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чаир. По победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 1998 година стапил во обезбедувањето на премиерот Љубчо Георгиевски, а од 1999 година е телохранител на Претседателот Борис Трајковски.

Во 2005 година Хашкиот трибунал го осуди на 12 години затвор за тешки кривични дела сторени за време на конфликтот во Македонија во 2001 година, во неговото родно село Љуботен. Тој беше осуден за наредување, планирање, поттикнување, помагање или поддржување убиство, смислено уништување градови и села и сурово постапување. Одлежа 8 години и во 2013 година беше ослободен од затворот во Шевенинген и се врати во Македонија.

пречек на Тарчуловски по враќањето од Хаг

На последните парламентарни избори во декември 2016 година, Тарчуловски стана дел од пратеничкиот состав на ВМРО-ДПМНЕ. Во неговата биографија пишува дека е дипломиран инженер – агроном на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, факултет што го завршил откако од Хаг се вратил во земјава.

Тарчуловски е еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кој на безбедносните снимки на крвавиот 27 април во Собранието, беше забележан како ги насочува насилниците кон салата каде беа пратениците од СДСМ. Тој подоцна изјави дека не чувствува никаква одговорност за случувањата на крвавиот четврток.

Тарчуловски ветува проекти само за тие што гласале за него

 

 

ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски Кисела Вода локални избори 2017 Никола Груевски Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.