Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест во Струмица по одлуката на Управен суд за работа на рудникот Иловица-Штука

0
By Нова ТВ on June 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со звуци на сирени, со македонски знамиња и под мотото „Управен суд ја искриви, Виш управен да ја исправи“, активисти за заштита на животната средина денеска го изразија својот револт против отворањето на рудникот Иловица-Штука. Карванот од стотина возила мина низ две маршрути низ градот.

Целта на протесното собирање, според организаторите, е изразување на незадоволство од пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката на Второстепената владина комисија за одбивање на дозволата за работа на концесионерот „Еуромакс“.

„Ние сакаме некој да нè слушне и да стави точка на сета ова работа. Ние не се закануваме, затоа што е дојдено времето. Ако некои работи не минале со убаво и со зборување, тогаш некои работи треба да се стават на виделина и да видиме кои сме, што сме и кои работат за доброто, а кој за злото на народот. Во секоја партија има поединци кои се замешани во тоа. Тоа е јавна тајна и треба да се расчисти. Тоа зло мора да прекине“, рече Стојан Велков од Здружението „Здрава котлина“.

Според Милена Зафирова, пресудата на Управниот суд била донесена без знаење на јавноста.

„Тројцата судии од Управниот суд замижаа пред сите неправилности, пред сите пробивања на рокови од инвеститорот, се одлучија за таква пресуда и притоа ја криеја од граѓаните. Нашите активисти требаше да ја најдат пресудата на канадски сајтови и дури по еден и пол месец, под огромен притисок од јавноста, решија да ја објават на официјалниот сајт на Управниот суд“, рече Милена Зафирова од „Здрава котлина“.

Додаде дека ќе продолжат натаму и доколку работата не биде завршена од државниот правобранител, кој е адвокат на државата и не поднесе жалба, а Вишиот управен суд не ја реши состојбата, тогаш немале друг избор освен да бараат правда пред меѓународните судови.

„Граѓаните многу пати досега се изјаснија преку референдуми и 98 отсто од луѓето кои излегоа на референдум беа гласни и одлучни и рекоа дека рудници во југоисточниот регион нема да има“, додаде Зафирова.

„Еуромакс ресорсис“ уверува: Рудникот нема да ја загадува почвата, водата и воздухот 

Со реакција на денешниот протест со изјава за медиумите се огласија од „Еуромакс“ и притоа уверуваат дека рудникот Иловица-Штука нема да ја загадува почвата, водата и воздухот.

„Го проследивме протестот во Струмица, каде, за жал, во континуитет се соочуваме со една група активисти кои во име на заштита на животната средина, но без издржани аргументи артикулираат обвинувања, повикуваат на омраза и осуда кон проектот„Рудник на можности Иловица-Штука“, но и кон сите кои ја поддржуваат неговата реализација и не веруваат во празното повторување невистини, дезинформации и апокалиптични сценарија. Го почитуваме сечие право за слободно изразување, но разочарани сме што оваа група се обидува во предизборниот период неодговорно да „се пазари“ со судбината на илјадници жители од регионот кои преку проектот имаат можност да си обезбедат квалитетни работни позиции и значително подобрување на животниот стандард“, велат од „Еуромакс ресорсис“

Од компанијата додаваат дека проектот за рударскиот комплекс „Иловица-Штука“ е развиен врз основа на повеќегодишни истражувања за влијанието врз животната средина, применувајќи ги највисоките европски и светски стандарди. Тврдат дека оваа најголема директна странска инвестиција во државата нема да ја загадува почвата, водата и воздухот, ниту ќе претставува опасност за здравјето на луѓето.

„Заеднички ќе докажеме дека одржливото рударство и земјоделство можат заедно да егзистираат успешно во новата ера. Ваква капитална инвестиција има реален капацитет за сериозно и ефикасно да го забрза заздравувањето на регионалната и на националната економија. Проектот ќе создаде илјадници директни и индиректни работни места, а од даноците и од другите законски давачки кои „Еуромакс“ ќе ги уплаќа во буџетот, ќе се вложува во подобрување на локалното образование, социјалните програми и здравствената заштита, како и за модернизација на локалната инфраструктура“, стои во изјавата на компанијата.

На крајот апелираат до сите граѓани и релевантни институции во Република Северна Македонија, пред да донесат одлука за иднината на проектот, добро да се информираат за сите точни и аргументирани факти за изградба и оперирање а посебно во делот за заштита на животната средина.

Еуромакс Македонија одлука протест Рудник „Иловица-Штука“ Струмица Управен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.