Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести Париз: Приведени над илјада лица – 100 се малолетни

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 СВЕТ
Фото: АФП
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 10, 2018 08:50

Парискиот јавен обвинител соопшти дека речиси илјада луѓе, од кои 100 малолетни лица, викендот се задржани во притвор по насилните протести во главниот град на Франција.

Канцеларијата на обвинителството побарала прелиминарно обвинение против лицата за кои се верува дека се одговорни за испишување графити на Ајфеловата кула минатиот викенд.

Против 13 лица веќе е подигнато обвинение за вандализам.

Според обвинителството, поголем дел од уапсените немаат криминални досиеја и повеќето се мажи помлади од 40 години, од различни региони, кои во саботата дошле на протестите во Париз.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе се обрати на нацијата, во обид да најде излезе од кризата предизвикана од движењето „жолти елеци”.

Макрон ќе зборува во 20 часот по локално време (19 часот според зоната GMT).
 Францускиот претседателот ќе претстави конкретни и итни мерки, информира францускиот министер за труд, Муриел Пинко. Сепак, тој ја отфрли можноста дека една од мерките би била зголемување на минималната плата, што е едно од барањата на „жолтите елеци”.

Францускиот претседател Емануел Макрон планира да ги собере националните и локалните власти и да ги слушне нивните предлози за овој „тежок момент низ кој минува нацијата”.

Целта е да се мобилизираат претставници на политички, економски и социјални сили на Франција во обид да се спречат протестите, вели неименуван претставник на Елисејската палата.

Францускиот претседател се подготвува и да објави значајни работи, изјави портпарол на владата ден по насилниот протест на „жолтите елеци” во Франција.

-Претседателот на Републиката, секако, ќе даде значајна изјава, изјави портпаролот Бенјамин Гриво.

Тој не даде детали за моментот или содржината на она што Макрон би можел да го објави.
Соработници на Макрон во петокот рекоа дека претседателот ќе и се обрати на нацијата на почетокот од следната седмица.

Макрон веќе го укина најавеното зголемување на таксите за гориво, но тој потег не стави крај на протестите на членовите на движењето „жолти елеци”, кои бараат пониски даноци, зголемување на минималната плата и пензиите.

Макрон утрово ќе се состане со претставници на синдикатите, работодавачите и локалните власти.

Во саботата „жолтите елеци” организираа протести на национално ниво. Повеќе од 125.000 луѓе излегоа на улиците на француските градови за да бараат повисок животен стандард. 

Најновите анкети покажуваат дека поддршката за Макрон, од почетокот на кризата, опаднала за 23 отсто.

„Жолти елеци“ Макрон Париз приведени протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.