Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести пред домовите на пратениците, искршен штаб на СДСМ

2
By Нова ТВ on March 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синоќа, со  камења и бекатонски плочки биле искршени стаклата од влезот на партиското седиште на СДСМ во Гостивар. Според СВР Тетово, искршени се  три стакла со димензии од 130 х 200 сантиметри. Полицијата проверува дали и овој напад е поврзан со изразеното  незадоволство од донесениот Закон за јазици.

Изминатите денови неколку десетици лица протестираат пред домовите на пратеници од СДСМ, бидејќи гласале за Законот за јазици. Собири имаше пред домот на Кети Смилевска, пратеничка од Прилеп. Демонстрантите извикуваа „Предавник“.

Група луѓе се собраа и пред домот на велешкиот пратеник Панче Иванов. Во Делчево, полицијата пронашла расфрлени летоци со навреди за пратеникот на СДСМ од оваа општина.

Од МВР велат дека синоќа немало посериозни инциденти и дека и натаму се преземаат мерки согласно безбедносните проценки. Полицијата и натаму ќе ги обезбедува домовите на дел од пратениците од власта.

Ноќта, по усвојувањето на Законот беше запален автомобилот на пратеничката на СДСМ од Виница Славица Шуманска – Митева. Таа  тогаш потврди  дека изминатиов период добивала закани.

-Имаше закани по пораки, ама ни на сон не верував дека ќе се случи вакво нешто. Очигледно имаат храброст, ама не им се плашам. До сега се така функционираше, но ова е кукавички чин, не е во ред да прават вака среде ноќ. Ова е чист вандализам – изјави Митева.

Полицијата се уште нема осомничени за овој настан.

 

Закон за јазици пратеници протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.