Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во Софија, националистите бараат оставка од Петков

0
By НОВА ТВ Terziova on May 11, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два протестa се одржаа вечерва во центарот на Софија. Едниот во одбрана на националниот интерес на Бугарија во Македонија најавен како митинг-концерт организиран од партијата ВМРО, а другиот го запре сообраќајот на жолтата калдрма пред зградата на Собранието. Тој е во организација на најмалата парламентарна партија Вазраждане и инсистира на оставка на Владата.

Приврзаниците на ВМРО во т.н „триаголник на моќта“ вееја бугарски знамиња со плакати: „Киро поднеси оставка“, „Мезија, Тракија, Македонија“, „Одбрани ја Бугарија“.

– Ова е предупредување за митинг. Имаме информации дека на 24 овој месец владата на Кирил Петков се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Доколку тоа се случи ќе ја блокираме цела држава, рече Александар Сиди од ВМРО.

На другиот крај околу споменикот на Цар Освободител, добро опремени поддржувачи со плакати и знамиња бараа оставка од Владата и скандираа „НАТО надвор“.

Според нив, владата на Кирил Петков не успеала да управува со земјата и во последните месеци повеќе време потрошила на војната во Украина отколку на домашните проблеми во Бугарија. Од партијата на Костадин Костадинов изразија став дека Петков треба да си поднесе оставка, да се одржат нови избори.

На споменикот пред Народното собрание беше закачен голем транспарент со натпис „Ја закопаа Бугарија“.

Бугарија оставка Петков протест регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.