НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протокол за гласање за позитивните на Ковид-19: Избирачките одбори во скафандери

0
By Нова ТВ on June 29, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По објавувањето на низа протоколи како граѓаните да се однесуваат кога излегуваат на кафе, престојуваат во хотел или пазарат во некој од моловите за време на пандемијата со Ковид-19, вчера од Државната Изборна Комисија (ДИК), беа соопштени и задолжителните препораки за гласање на претстојните предвремени парламентарни избори. Специфични услови за гласање ќе треба да се применат на 13 јули, првиот ден од гласањето, кога е предвидено своето избирачко право да го реализираат лицата позитивни на Ковид-19 и тие што се наоѓаат во самоизолација (домашен карантин).

Членот на ДИК, Борис Кондарко, во своето излагање за протоколите за избори рече дека на 13 јули избирачкиот процес ќе го спроведе Посебен избирачки одбор (ПИО) што ќе се состои од здравствени работници и претставници на политичките партии.

Според Кондарко, членовите на ПИО, ќе бидат опремени со лична заштитна опрема која се состои од: мантил за еднократна употреба, ракавици за еднократна употреба, стандардна заштитна маска и средство за дезинфекција. Членовите на ПИО, според утврдените задолжителни препораки, заштитната опрема ја менуваат по завршување на гласањето во домот на секој гласач, односно толку пати колку што ќе одат да посетат домови на лица каде што ќе се гласа.

„Лицето кое гласа задолжително носи заштитна маска преку носот и устата. При самото влегување во просторот (домот), лицето кое што гласа најпрво ги дезинфицира рацете. При влезот во домот на гласачот пред да му се даде гласачкото ливче, на гласачот му се дава заштитна маска доколку ја нема и задолжителни заштитни ракавици. При подавањето на личната карта, лицето кое ќе гласа накратко ја симнува маската за идентификација и ја одржува препорачаната дистанца минимум од членовите на избирачкиот одбор, кои исто така се целосно заштитно опремени. Пред да му се даде ливчето за гласање на гласачот задолжително е да ги дезинфицира рацете на кои исто така има заштитни ракавици. По завршувањето на гласањето, лицето кое гласа повторно ги дезинфицира рацете. Во целиот процес на гласање задолжително се обезбедува минималната физичка дистанца од еден, до еден и пол метар“, информира Кондарко кој додаде дека нема да се спроведува дезинфекција на гласачката кутија по секој гласач.

Сличен процес на гласање ќе се одвива и на 14 јули, изјави потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, која истакна дека за разлика од 13 јули, процесот на гласање во домовите на болните, хроничните лица на 14 јули ќе го спроведат Основните избирачки одбори (ОИО). Тие, според Шеху, нема да носат мантили како заштита, заради тоа што не се работи за позитивни случаи од Ковид-19, но, ќе носат заштитна маска, ракавици и ќе треба да одржуваат дистанца. Членовите на ОИО ќе треба да ја менуваат маската на секои четири часа.

Болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација треба да се пријават за гласање до Оштинската изборна комисија преку полномошник, најмалку седум дена пред гласањето, односно до 8 јули на полноќ. Дотогаш за гласање треба да се пријават и другите болни и немоќни лица, а за овие избори и лица со хронични болести. Оние што од 8 до 15 јули ќе бидат позитиви на Ковид-19 или лица што ќе мора да бидат во самоизолација нема да можат да гласаат на изборите. Рокот за пријавување за гласање на лицата во домашен притвор е 11 јули на полноќ.

Пред неколку дена ДИК изврши избор на членови на здравствените избирачки одбори. Формирани се околу стотина, а во нивен состав се тројца здравствени работници и претставници на политички партии.

Задолжителни мерки за гласањето на 15 јули

Елизабета Постоловска, како член на ДИК,  ја опиша постапката на гласање на 15 јули и рече дека ДИК е должна пред гласањето во просториите каде што ќе се гласа да спроведе темелно чистење, односно механичко чистење и дезинфекција на секое избирачко место во државата без разлика дали се работи за училници во основни и средни училишта или пак се работи за приватни објекти.

„Сите 3.840 избирачки места ќе бидат дезинфицирани од ДИК. На денот на гласањето секој гласач е должен да држи пристојно растојание од метар и пол или два пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен е да држи маска. На ниту еден гласач нема да му биде дозволено да влезе во гласачкото место ако претходно не ги дезинфицира рацете и не носи маска. Следниот чекор е кога гласачот влегува со маската во избирачкото место и истиот е должен при идентификација на кратко да ја извади маската за избирачкиот одбор да го утврди неговиот идентитет. Рацете ќе треба да се дезифинцира при влегувањето и излегувањето од гласачкото место“, појасни Постоловска.

Избирачките одбори внатре во просторијата, како што потенцира, се должни да седат на дозволено растојание од метар до метар и половина и постојано да носат заштитна маска, како и ракавици. Гласачите не треба да носат ракавици кога ќе влегуваат во гласачките места.

Во меѓувреме се одвива обработката на Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори, што треба да биде заклучен и потпишан најдоцна до 4 јули. Од утре (29 јуни) продолжува едукацијата на избирачките органи, вклучувајќи ги и здравствените избирачки одбори. Општинските избирачки одбори и Избирачките одбори ќе се едуцираат за задолжителните препораки согласно Препораките за почитување на мерките за Ковид-19, додека здравствените работници ангажирани за гласањето на 13 јули за процесот на спроведување на гласањето. Тековно ќе се врши и пополнување на испразнетите места на адинистративците во изборните органи. На изборите ќе бидат ангажирани околу 35.000 луѓе во ОИК и ИО, околу 500 здравствени работници, администрацијата во ДИК, како и одреден број дополнителни лица.

гласање Дик Избори 2020 Ковид-19 Македонија Протокол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.