Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Провокација или агресија:Што ги предизвика тензиите меѓу Москва и Киев

0
By Нова ТВ on November 27, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 27, 2018 08:34

Руската Федерална безбедносна служба (ФСБ) соопшти дека еден од притворените украински морнари признал дека пловењето на украинските бродови преку Керченскиот Теснец било провокација.

– Радио барањето (на руската крајбрежна стража) беше намерно игнорирано. На бродот имаше оружје и муниција. Бев свесен дека станува збор за провокативна акција, рекол украинскиот капетан трета класа Владимир Лесовој.

Тој додал дека им било наредено од Одеса да допловат до Мариупол.

ФСБ соопшти дека провокацијата во Керченскиот Теснец ја координирале двајца припадници на украинската служба за безбедност, и оти влезот на украинските бродови во „руски територијални води директно го наредиле властите во Киев“.

Украинските бродови прво ја известиле руската страна дека не планираат да поминат низ Керченскиот Теснец, стои во соопштение на ФСБ.

Фото Ројтерс

Руската страна ги известила за правилата на граничниот премин и правилата за поминување низ Керченскиот Теснец, според кои е предвидено да се поднесе барање до пристаништето Керч, 48 односно најмалку 24 сата претходно, наведе ФСБ и додаде дека потврдата се издава четири часа пред да се премине.

Меѓутоа, украинските бродови не поднеле барање туку соопштиле дека не планираат да „ја преминат руската граница и да поминат преки Керченскиот Теснец“, наведе ФСБ.

Притвор за еден од морнарите

Кримскиот суд денеска наложи притвор од два месеци за еден од 24-те украински морнари, а денескатреба да им се изречат мерки на 12 од 24 приведени морнари.

Првиот што доби 60-дневен притвор е Владимир Варимез обвинет за илегално преминување на границата. Доколку биде осуден, со соочува со затворска казна во траење до шест години. На рочиштето тој се изјасни за невин.

Руската армија во неделата отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

Украина ја обвини Русија за „воена агресија“, тврдејќи дека руската постапка  е во спротивност со меѓународното право и со конвенциите на ОН за поморско право.

Москва меѓутоа смета дека нејзините сили дејствуваше во согласност со меѓународното право и домашното законодавство.

– Се работи за инвазија на странски воени бродови во територијалните води на Руската Федерација, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Керченскиот Теснец се наоѓа меѓу територијата на Русија и Кримскиот Полуостров, кој Москва го анектира во 2014 година. Руската анексија на Крим не е меѓународно призната.

Украинската Врховна рада синоќа го одбри претседателскиот указ за воведување воена сосотјба во делови од Украина за период од 30 дена, почнувајќи од 28 ноември.

Предлог-законот за стапување во сила на указот за воена состојба беше изгласано со тесно мнозинство -276 пратеници беа „за“, а 226 против.

Порошенко вчера потпиша указ за прогласување воена состојба во земјата до 25 јануари, но на тоа се спротивставија опозициските партии, а се појавија и шпекулациите дека таа се воведува само за да се одложат претседателските избори. По консултации со претставници на парламентарните партии Порошенко реши воената состојба да важи 30 дена, со цел претседателски избори да се одржат непречено во предвидениот рок.

Фото: Керч инфо

Во обраќањето пред пратениците во Врховната рада, Порошенко нагласи дека воената состојба нема да биде воведена на целата територија на Украина, туку само во деловите на земјата што граничат со Русија и Молдавија, како и во реоните околу Азовското и Црното Море, односно, како што рече, таму „каде што може да биде извршен напад“ од страна на Русија.

Порошенко реши да воведе воена состојба по вчерашниот инцидент кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

Врховната рада, синоќа исто така донесе одлука претседателските избори во Украина да се одржат на 31 март 2019 година.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика Русија и Украина на, како што рече, максимална воздржаност.

Тој притоа потенцираше дека треба да се избегне понатамошна ескалација по инцидентот на Црното Море.

Гутереш, како што пренесе неговиот портпарол, рече дека е „исклучително загрижен” за инцидентот што во неделата се случи во теснецот Керч.

Лавров одби посредништво

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ја отфрли идејата за меѓунеродно посредување во спорот меѓу Русија и Украина.

– Не гледам никаква причина за какви било посредници, изјави Лавров по средбата со неговиот француски колега Жан-Ив ле Дријан во Париз.

Изјавата на Лавров претставува реакција на предлогот на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, Германија, Франција, Русија и Украина заеднички да работат на намалување на тензиите.

Според Лавров, украинските западни поддржувачи треба да му испратат јасен сигнал на Киев да се воздржува од какви било провокации со цел да не се повторат инциденти како тој во неделата кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

Ле Дријан, од своја страна, ги повика Русија и Украина на намалување на тензиите.

– Сакаме сите страни да покажат воздржаност. Милитаризацијата на таа зона би можела да доведе до инциденти, нагласи Ле Дријан.

Тој информира дека од Лавров побрал Русија да ги ослободи украинските морнари и бродови и најави дека ќе разговара и со неговиот украински колега Павло Климкин во обид да придонесе за намалување на тензиите.

 

бродови воена состојба Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.