Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва лига: Шкендија „се победи“ во Струмица, Работнички шокиран во Скопје

0
By Нова ТВ on April 25, 2019 СПОРТ
Фото: fkrabotnicki.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две големи изненадувања во мечевите од 30. коло во првата македонска фудбалска лига. Едното од екипа што се бори за опстанок, другото од екипа што одамна, се чини, како второлигаш.

Беласица триумфира со 2:1 на стадионот „Младост“ над комбинираниот состав на старо-новиот шампион Шкендија. Трите бода за струмичани го завери Егзон Бејтулаи со ефектен автогол во 64. минута, откако првиот за домашните беше дело на Пепи Ѓорѓиев во петтата минута, реализатор за тетовци беше резервистот Шефит Шефити во 70. минута.

Работнички беше непријатно изненаден од Победа на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Дебармаалци поведоа преку Бугаринот Емил Вијачки во 12. минута, во второто полувреме Баже Илијоски не искористи пенал за 2:0 по што ги стигна казна во продолжение на средбата. Трајче Ефремов во 74. минута искористи грешка на домашната одбрана за израмнување на 1:1, а само две минути по него за фенерџијата погоди и Ангелче Тимовски за водство на прилепчани со 2:1 што остана и конечен резултат.

Вардар ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 2:0 додека минимални победи по 1:0 забележаа Шкупи и Ренова во дуелите со Академија Пандев, односно, Силекс.

Шкендија е лидер на табелата со 66 бода пред Вардар кој има 57. Трета е Академија Пандев со 47 бода, но и меч помалку.

Прва лига, 30 коло

Македонија Ѓ.П. – Вардар 0:2

Беласица – Шкендија 2:1

Работнички – Победа 1:2

Шкупи – Академија Пандев 1:0

Ренова – Силекс 1:0

Табела: Шкендија 66, Вардар 57, Академија Пандев 47 (-1), Шкупи 42, Ренова 39, Работнички 39, Македонија Ѓ.П. 35, Силекс 31, Беласица 30, Победа 23 (-1).

Идно коло: Шкендија – Шкупи, Вардар – Беласица, Академија Пандев – Работнички, Македонија Ѓ.П. – Ренова, Победа – Силекс.

Прва лига Работнички фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.