Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин: 755 американски дипломати ќе мораат да ја напуштат Русија

1
By Нова ТВ on July 30, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 30, 2017 21:27

Владимир Путин вечерва најави дека 755 американски дипломати ќе треба да ја напуштат Русија како руски одговор на американските санкции против Москва. Путин не се надева на скорешно подобрување на односите помеѓу двете светски сили.

“Долго чекавме надевајќи се дека ситуацијата ќе тргне кон подобро. Но се чини дека тоа нема да се случи наскоро дури и ако ситуацијата се подобри”, изјави рускиот претседател на руската државна телевизија Русија 24.

Американскиот Конгрес усвои неодамна нови санкции против Русија поради руското мешање во американските претседателски избори.

“Мислев дека треба и ние да покажеме дека нема да ги оставиме работите без реакција по таа американска одлука донесена без никаква основа”, подвлече Путин.

Според него 755 американски дипломати ќе мораат да ја напуштат Русија по одлуката на руското министерство за надворешни работи да го редуцира американското дипломатско присуство. Од 1 септември во амбасадата на САД во Москва и во козулатите во Русија ќе останат 455 дипломати.

Над илјада американски дипломати работат во Русија и, според Путин “755 ќе мораат да ги прекинат нивните активности во Русија”. Со оваа одлука бројот на американските дипломати во Русија ќе се изедначи со бројот на руските дипломати во САД.

Агенцијата АФП побарала реакција од Белата куќа но оттаму одбиле да ја коментираат руската одлука за бројот на службеници кои работат во странски мисии.

Според Путин, Русија “има уште што да каже и може уште повеќе да ги редуцира областите на заеднички активности кои би биле чувствителни за американската страна”. Ако притисокот врз Русија продолжи, вели Путин, Русија “може да разгледа и други акции но се надевам дека тоа нема да се случи”, изјави Путин.

755 американски дипломати Владимир Путин Русија санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

ВЕСТИ May 21, 2026

Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија предлагаат модел што би го забрзал приближувањето на Западен…

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.