Актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин е регистриран како повторен кандидат за претседателската фотелја од страна на Руската Централна изборна комисија.
Следните избори се закажани за 18 март.
Путин на овие избори се кандидира како самостоен кандидат, а за регистрација му беа неопходни најмалку 300.000 избирачки потписи. Тој собра 1.6 милиони.
До сега регистрирани кандидати се лидерот на Либерално демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, и кандидатот на Комунистичката партија на Русија, Павел Грудинин.
Уште петмина кандидати се очекува да се регистрираат , Ксенија Собчак, Максим Сурајкин, Григориј Јаблински, Сергеј Бабурин и Борис Титов.
Анкетите во Русија се во полза на актуелниот претседател Путин и се очекува да биде реизбран.