Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радески: Не се собравме за екскурзија туку за резултати

0
By Нова ТВ on October 3, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 3, 2017 00:50

Првиот тренинг без Столе Димитриевски, без Стефан Ристовски и без Езџан Алиоски, но затоа со Адис Јаховиќ. Фудбалската репрезентација на Македонија се собра во Скопје и ги почна подготовките за завршните мечеви во квалификациите за Светското првенство во 2018 година против Италија на 6 октомври во Торино и против Лихтенштајн три дена подоцна во Струмица.

Голманот на Гимнастик Тарагона, офанзивниот десен бек на лисабонски Спортинг и крилниот напаѓач на Лидс јунајтед почнуваат со работа од утре. Дополнителниот повик за играчот на Гезтепе и прв стрелец во турскиот шампионат доаѓа по повредата на вардарецот Бобан Николов.

„Пред нас е меч со репрезентацијата со најдобра одбрана во светот. Но, и ние имаме добри напаѓачи. Го покажавме тоа на првиот меч во Скопје, се надеваме дека овојпат и среќата ќе биде со нас. Со нетрпение чекавме да се собереме и не се собравме со чувство за екскурзија туку за позитивни резултати против Италија и против Лихтенштајн“, порачува Марјан Радески од Шкендија.

Македонија остави симпатичен впечаток во досегашните осум настапи во циклусот и покрај двете победи и ремито. Остана без бод во Скадар против Албанија во завршницата, го освои во Струмица, славеше на гости против Лихтенштајн и Израел, против Израелците во Скопје не реализира пенал за 2:2 во петтата минута од судиското продолжение. Не потфрли ниту во поразите од Шпанија и Италија, а новиот дух што А тимот го доби во младите фудбалери од Полска со право даваат надеж за, барем, надигрување со „азурите“ во петок и напад на трите бода со фенерџијата во групата во понеделник во последните 180 минути од квалификациите за СП 2018.

„Знаеме каде ќе патуваме и кому ќе гостуваме. Италијанците се четирикратни светски прваци. Нивната селекција е одлично поткована на тактички план за што се мајстори. Досега покажавме дека можеме да се носиме со силни репрезентации, мора максимално да се заложиме и овојпат“, коментира селекторот Игор Ангеловски.

Националниот тим до среда претпладне ќе биде во Скопје, на пат кон Торино ќе тргне околу 10,30 часот и по пристугнувањето ќе одработи два тренинга до мечот во петок од 20,45 часот. Шпанија во истиот термин во Аликанте ја пречекува Албанија, а Лихтенштајн во Вадуц ќе игра со Израел.

Италија квалификации за СП 2018 Македонија Торино фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.