Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радев: Бугарија нема да поддржи санкции против руското нуклеарно гориво, и ќе понуди гранична безбедност финансирана од ЕУ

0
By Ана Василевска on February 9, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија не може да прифати санкции против руското нуклеарно гориво, бидејќи тоа директно ќе влијае на енергетското снабдување во државата, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев во Брисел, каде што пристигна да учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет, јави БТА.

„Тоа не може да се случи. Ги разгледуваме сите можни области каде тоа би можело да се случи, но онаму каде што директно се загрозени нашите интереси, ние сме многу внимателни. Доколку е потребно ќе наметнеме вето“, нагласи Радев.

По повод помошта за Украина, претседателот на Бугарија изјави дека преодната влада ја исполнила задачата поставена од Народното собрание, да обезбеди вооружување од резервите на бугарската армија.

„Се надевам дека владата ќе покаже разум во иднина да не го дозволи ова. Тоа е крвава војна, сè помалку слушаме гласови за мир, слушаме повици за победа без никој да може да дефинира што значи победа“, додаде тој.

Радев најави дека со средства од ЕУ ќе предложи пилот проект за заштита на бугарската граница. – Ние инвестираме голем дел од нашиот буџет и во граничната инфраструктура и во системите за технички надзор… Но, нашите ресурси се недоволни, истакна Радев.

Според него, во последните месеци се направени напори за поголема солидарност и поддршка за сите земји на првата линија на надворешните граници на ЕУ.

Војна во Украина ЕУ Румен Радев Русија санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.