Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Астраханочка невидлива покрај ЖРК Вардар

0
By Нова ТВ on November 5, 2016 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 5, 2016 22:16

Убедлива игра и победа на ЖРК Вардар против Астраханочка во последниот меч на домашен терен во групите во Лигата на шампиони за оваа сезона. Македонскиот женски ракометен првак го декласира рускиот со 39:25 во четвртото коло во групата Б за одбрана на првото место на табелата и осигурување на место во наредната фаза на две кола до крајот на тековната. „Експлодира“ Јованка Радичевиќ која постигна 9 гола, најефикасна кај составот од Астрахан беше Кожокар со седум погодоци. На клупата на вардарки дебитира Давид Дејвис, во составот се вратија Лекиќ и Кликовац по повредите поради што беа во аут во изминатиот период.

Во мечот во СЦ „Јане Сандански“ овојпат имаше само една екипа. Сè што се случуваше во 60-те минути на теренот беше во знак на „црвено-црните“ девојки. Неизвесност изостана бидејќи за неа е потребен и противник, кој и покрај предупредувањата за капацитет што го поседуваат Русинките, сепак, беа невидливи денеска. ЖРК Вардар „нагази“ од почеток, наметна силно темпо што гостинските ракометарки не можеа да го следат, до израз дојде квалитетот за безбедно движење од прва до последна минута. Печат на триумфот стави Амандин Лејно чија фрлена топка за контра заврши во противничката мрежа.

Вардарки во наредното коло на 13 ноември ќе ѝгостуваат на екипата на Ференцварош која однесе бод од Скопје во првото коло. И покрај, и математички, обезбедниот пласман во следната фаза, мечот во Унгарија не е без значење бидејќи од исходот ќе зависи дали и колку бодови ќе пренесат „црвено-црните“ во новоформираната група. Потоа, на 19 ноември, ќе следува и натпревар во Германија против Лајпциг што беше „разнесен“ во Скопје со 41:24.

ЖРК Вардар – Астраханочка 39:25 (18:13)

СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 3.500. Судии: Вања Антиќ и Јелена Јаковљевиќ од Србија

ЖРК Вардар: Лејно, Песоа, Радичевиќ 9, Кликовац 1, Херем 5, Мавсар 2, Дамњановиќ 1, Алтхаус 4, Илјина /, Пенезиќ 5, Човиќ 3, Лакрабер 1,  Хмирова 4, Лекиќ 3, Ристовска 1. Тренер: Давид Дејвис

Седмерци: 4/4. Исклучувања: /.

Астраханочка: Ваганова, Трусова, Сисенова 2, Постнова 5, Сорокина /, Иванова 1, Сабирова 4, Левша /, Видрина /, Чигиринова 2, Клименко /, Шичкина 2, Игнатович 1, Зеленкова 1, Кожокар 7, Јемелјаненка /. Тренер: Михаил Серегин.

Седмерци: 4/4. Исклучувања: 4 минути.

Астраханочка ЖРК Вардар Лига на шампиони ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.