Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Булатовиќ со 14 гола му нанесе прв пораз на ЖРК Вардар

0
By Нова ТВ on February 26, 2017 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема повеќе непоразени екипи во женската ракометна Лига на шампиони. За тоа се погрижи екипата на Будуќност која попладнево во Скопје триумфира над ЖРК Вардар со 31:28, резултат со кој и „црвено-црните“ славеа на гостувањето во Подгорица на 29 јануари.

„Почетокот на денот беше тежок за нас по веста за смртта на таткото на Кликовац. Со мислите бевме со Андреа и се обидовме да одиграме најдобро што можеме. Но, тоа не беше доволно, а кога играте против екипа каква е Будуќност мора да бидете 100 отсто фокусирани. Не е страшно што загубивме. Сè уште сме први на табелата и со две победи ќе останеме на чело на табелата“, истакна Давид Дејвис, тренер на ЖРК Вардар.

Свое шоу во СЦ „Јане Сандански“ имаше Катарина Булатовиќ. Црногорската репрезентативка постигна 14 гола и беше, убедливо, централна фигура во мечот. Неагу додаде шест гола за екипата од Подгорица колку што постигна и Андреа Пенезиќ, најефикасната вардарка денеска. Лакрабер и Лекиќ реализираа по пет пати.

„Сакавме овој меч да го одиграме и посветиме на Кликовац, но, за жал, не успеавме да победиме“, рече Словенката Мавсар.

Гостинскиот тренер со помешани чувства по натпреварот.

„Од една страна сум среќен поради победата на Будуќнотс, од друга сочувствувам со загубата на Андреа. Претпоставувам колку им беше тешко да играат без неа, но и мене да ја водам екипата бидејќи 14 години ја познавам Кликовац. Успеав некако да се средам, а верувам дека така ќе биде и со Вардар во последните две кола“, посочи Драган Аџиќ.

Вардарки остануваат лидери во конкуренцијата 1 на две кола до крај на групната фаза. Но, сега имаат идентичен број на бодови (13) како и тимот на Ференцварош кој викендот пред своја публика славеше над Мец со 29:23. Македонскиот првак во наредното коло ќе гостува во Франција и во последното го дочекува Тирингер. Екипата од Подгорица во недела ќе игра на домашен терен со Астраханочка и на 11 март ќе оди на мегдан на Унгарките во Будимпешта.

ЖРК Вардар – Будуќност 28:31 (16:17)

СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 4.500. Судии: Карина Кристијансен и Лине Хеселдал Хансен од Данска.

ЖРК Вардар: Лејно, Суслина, Песоа, Радичевиќ 2, Херем 2, Мавсар 2, Дамњановиќ 2, Лазович 2, Алтхаус 2, Илјина, Пенезиќ 6, Лакрабер 5, Лекиќ 5, Ристовска. Тренер: Давид Дејвис.

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 6 минути. Технички грешки: 12.

Будуќност: Бабовиќ, Батиновиќ, Ујкиќ, Неагу 6, Јауковиќ, Плетикосиќ, Цвијиќ 2, Ирман 3, Маловиќ, Булатовиќ 14, Павичевиќ, Рамусовиќ, Нововиќ 3, Ахрук 2, Грбиќ 1. Тренер: Драган Аџиќ.

Седмерци: 6/8. Исклучувања: 6 минути. Технички грешки: 10.

Лига на шампиони

Група 1

Резултати, 8 коло

ЖРК Вардар – Будуќност 28:31

Астраханочка – Тирингер 26:24

Ференцварош – Мец 29:23

Табела: ЖРК Вардар 13, Ференцварош 13, Будуќност 10, Мец 6, Тирингер 4, Астраханочка 2.

Идно коло (5 март): Мец – ЖРК Вардар, Тирингер – Ференцварош, Будуќност – Астраханочка.

Група 2

Есбјерг – Митјиланд 22:21

Крим – Ѓер 17:34

Ларвик – ЧСМ Букурешт 35:33

Табела: Ѓер 13, Ларвик 10, Митјиланд 8, ЧСМ Букурешт 7, Крим 6, Есбјерг 4.

Идно коло: ЧСМ Букурешт – Крим (3 март), Митјиланд – Ларвик (4 март), Ѓер – Есбјерг (5 март)

Будуќност ЖРК Вардар Лига на шампиони ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.