Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Стевановиќ го одбрани Загреб, прв пораз на Вардар

0
By Нова ТВ on October 22, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Историјата се повторува за ракометарите на Вардар. Победничката низа лани ја прекина Колдинг, оваа година го стори тоа ППД Загреб. Хрватскиот првак ги совлада „црвено-црните“ со 28:27, со пресврт во второто полувреме, за прва победа во групата Б во Лигата на шампиони. За македонскиот, пак, е прв пораз во ЛШ и воопшто во сезоната.

Јунак на средбата беше домашниот голман Иван Стевановиќ. Заврши со 14 интервенции од кои 10 во второто полувреме во кое вардарци недозволиво многу се изнапромашуваа. Најефикасен играч на средбата беше неговиот клупски колега Марковиќ со 7 гола, Душебаев постигна 5 за поразената екипа.

Вардар одигра на потребното ниво во првот дел. Составот на Раул Гонзалез функционираше според замислите. Решително и задоволително пробојно во напад, цврсто во одбрана и на пауза се замина со убедливи плус 5 (12:17) што во тие моменти, гледано од страна и имајќи ги предвид околностите на теренот, изгледаше како завршена работа. Можеби истото го помислија и самите ракометари, па продолжението доби сосема поинаков тек.

5

Но, она што следуваше, сепак, донесе апсолутно неочекуван заплет и конечен расплет во прилог на домашните. Логично се наметнува прашањето како е можно да се случат осцилации (игра, реализација, одбрани на голмани) во толкава мера за така краток временски период за губење на натпревар што по три четвртини изгледаше добиен со единствена енигма – со колкава разлика.

На сцена стапи Стевановиќ кој ги спушти „ролетните“ на голот, а неговите одбрани беа мотивирачка сила во нападот. Како што домашните погодуваа, така гостите во Скопје влегуваа во „црна дупка“ што на крајот и ги проголта. Се промашуваа зицери, се промашуваа пенали, се промашуваше од бековските позиции. Постот на македонскиот шампион траеше пет минути и од 18:23 „плинарите“ се доближија на 23:24.

4

Навидум здодевниот меч одеднаш доби неизвесна нишка и драма. Вардарци успеаја, по тајм аутот, да врзат два гола и да поведат со 23:26. И штотуку се помисли дека работите си доаѓаат на свое, домашните почнаа со решавачкиот удар. Со нова серија од 5:1 успеаја да го свртат резултатот во своја корист (28:27) и да го одржат до звукот на сирената.

Последните два обида за реми ги имаше Душебаев. Играчот кој дотогаш погоди се што шутна во натпреварот, во последната минута промаши. Најпрво во контра ја „стрелаше“ стативата, потоа и Стевановиќ ја одби заканата од преку девет метри за крај на надежите на вардарци. Нова прилика за рекордни, пет, победи во низа ќе треба да бараат во поблиска или подалечна иднина.

 

ППД Загреб – Вардар 28:27

Полувреме: 12:17. Сала во Загреб. Гледачи: 6.000. Судии: Андро Марин (Шпанија) и Игнасио Гарсија Серадилја (Шпанија).

ППД Загреб: Стевановиќ, Скок, Ерес, Контрец 2, Вори 1, Цингесар 1, Шебетиќ 4, Марковиќ 7, Раковиќ, Миклавчич , Хорват 4, Ј. Валчиќ 3, Јотиќ 2, Т. Валчиќ, Мандалиниќ 4, Маркоски. Тренер: Силвио Ивандија.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 4 минути. Технички грешки: 12.

Вардар: Штербик, Милиќ, Стоилов, Мораеш, Македа 2, Деревен 2, Карачиќ, Душебаев 5, Абутовиќ, Кањелас 1, Циндриќ 3, Чупиќ 4, Дибиров 4, Шишкарев 1, Борозан 3, Марсениќ 2. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 1/4. Исклучувања: 4 минути. Технички грешки: 10.

Вардар Лига на шампиони ППД Загреб ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.