Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Вардарки на прагот на четврти Фајналфор во низа

0
By Нова ТВ on April 10, 2017 СПОРТ
Фото: ehfcl.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ракометарките на ЖРК Вардар ја прославија и четвртата победа во низа над Митјиланд. Овојпат во првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампиони и тоа на гостински терен. Конечни 28:26 за „црвено-црните“ девојки кои, по Ларвик, се втори што триумфираа во Икаст за огромен чекор кон Фајнфор турнирот во Будимпешта.

„Имавме проблеми во второто полувреме. До израз дојде Сабине Енглерт со нејзините одбрани покажувајќи ја својата класа, а противничките ракометарки беа успешни во нападите. Задоволни сме од исходот. Имаме два гола предност пред реваншот на домашен терен“, изјави Андреа Лекиќ која доби мала минутажа поради повредата што ја оддалечи од тренинзите во изминатите 25 дена.

Андреа Пенезиќ со седум гола беше најефикасна на средбата. Хрватската репрезентативка имаше најголема поддршка во нападот од Александра Лакрабер со пет погодоци и Словенката Барбара Лазович со четири. Одлична на голот беше и Амандин Лејно со 12 интервенции.

Митјиланд, пак, имаше прв стрелец во Трине Остергард Јенсен која погоди пет пати, триото Јоргенсен, Блом и Бургард постигнаа по четири, а Енглерт одбрани 11 удари од вардаровите ракометарки кои во два наврата во мечот водеа со седум разлика.

Реваншот меѓу ЖРК Вардар и Митјиланд е во сабота во Скопје.

Митјиланд – ЖРК Вардар 26:28 (12:18)

Спортска сала во Икаст. Гледачи: 2.000. Судии: Петер Хорват и Балаш Мартон (Унгарија).

Митјиланд: Тирн, Енглерт (11 одбрани), Елебек, Јоргенсен 4, Блом 4, Петерсен, Јакобсен 1, Кристијансен 3, Фрис 2, Линден, Педерсен 3, Аугустесен, Јенсен 5, Бургард 4, Јонсдотир. Тренер: Кристијан Кристијансен.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 12 минути. Технички грешки: 20.

ЖРК Вардар: Лејно (12 одбрани), Суслина, Песоа, Радичевиќ 3, Кликовац, Херем 2, Мавсар 2, Дамњановиќ 1, Лазович 4, Алтхаус 1, Пенезиќ 7, Човиќ 1, Лакрабер 5, Хмирова, Лекиќ 2, Ристовска. Тренер: Ирина Дибирова.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 14 минути. Технички грешки: 11.

Лига на шампиони

Четврт-финале, резултати

Митјиланд – ЖРК Вардар 26:28

Мец – Ѓер 32:31

Будуќност – Ларвик 31:17

ЧСМ Букурешт – Ференцварош 30:25

ЖРК Вардар Лига на шампиони Митјиланд ракомет Четврт-финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.