Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет: Победничко деби на Гонзалез, К. Лазаров го изрешета Исланд

0
By Нова ТВ on May 4, 2017 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 4, 2017 22:19

Македонската машка ракометна репрезентација ја забележа втората победа во квалификациите за Европското пренство во Хрватска во 2018 година. Во преполниот СЦ „Борис Трајковски“ е совладан Исланд со 30:25 (полувреме: 15:13) во дебито на Раул Гонзалез на клупата на „црвено-жолтите“. Кире Лазаров уште еднаш ја демонстрира својата класа. Капитенот беше нерешлива загатка за Исланѓаните чија мрежа ја тресеше дури 11 пати. Пет гола постигна Талески, по четири додадоа Миркуловски и Стоилов. Сигурдсон беше најефикасен во поразената селекција со шест погодоци.

Македонија не дозволи луксуз на домашен терен и ја оправда улогата на благ фаворит во скопските 60 минути од двомечот со Исланд. Во своја корист ги реши двата дела за впишување на нови два бода на контото пред гостувањето во недела во Рејкјавик. Одличен на голот беше и Борко Ристовски за кого ова беше прв настап во националниот тим по пропуштеното Светското првенство во Франција.

Освен водството во воведните минути од натпреварот, Исланд падна во подредена улога до крајот на средбата и постојано беше во негатива. „Црвено-црните“ умешно ја одржуваа предноста и го држеа противникот на безбедно резултатско растојание. Гостите успеаја да се заканат во финишот на натпреварот, се доближија на еден гол (26:25), за повеќе немаа сили. Македонија додаде гас и во последните три-четири минути го зададе решавачкиот удар благодарение на играта во одбрана, интервенциите на Ристовски и мирната рака во завршницата на нападите.

Македонија – Исланд 30:25 (15:13)

Сала: СЦ „Борис Трајковски“. Гледачи: 5.500. Судии: Ларс Гепел и Маркус Хелбиг (двајцата од Германија).

Македонија: Митревски, Ристовски, Манасков, Стоилов 4, К. Лазаров 11, Митков, Талески 5, Миркуловски 4, В. Маркоски, Н. Маркоски, Георгиевски 3, Ф. Лазаров, Ојлески, Кузмановски 2, Нелоски, Пешевски 1. Селектор: Раул Гонзалез.

Седмерец: 5/5. Исклучувања: 4 минути. Технички грешки: 10.

Исланд: Густавсон 1, Нилсен, Кристјансон 1, Палмарсон 4, Карасон 3, Халгримсон, Атласон, Сигурдсон 6, Гудмундсон 2, А. Гунарсон 1, Арнарсон 1, Елисон, Б. Гунарсон, Јонсон, Магнусон 3, Смарасон 3. Селектор: Геир Свеинсон.

Седмерец: 4/6. Исклучувања: 8 минути. Технички грешки: 9.

Квалификации за ЕП 2018

Група 4, трето коло

Македонија – Исланд 30:25

Украина – Чешка 26:23.

Табела: Македонија 4, Украина 4, Чешка 2, Исланд

Идно коло: Чешка – Украина (сабота), Исланд – Македонија (недела)

Исланд Квалификации за ЕП 2018 Македонија ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.