Вардар не го преживеа гостувањето во Каталонија, каде што ракометниот клуб на Барселона го победи европскиот шампион со 29-28. Ова е прв пораз за Вардар во Лигата на шампионите во оваа сезона.

Домаќините  поведоа со 5-2, но шампионот на Македонија со одличните одбрани на Арпад Штербик возврати со серија од 3-8 за предност од 8-10.

До крајот на полувремето водството се менуваше уште неколку пати за на пауза да се замине со минимална предност на Барселона од 15-14.

Мал пад на концентрацијата во редовите на Барселона во финишот од мечот придонесе Вардар да намали на 29-28.

Криштопанс со 7 погодоци беше прв стрелец во редовите на Вардар, а Арпад Штербик забележа 14 одбрани.

По поразот кај Барселона, Вардар останува прв на табелата со 18 бода, сега има само еден повеќе од Нант, кој вечерва триумфираше на гости кај Кристијанштад. Барса е трета со 14 бода.

Во следното коло, на 18.февруари, Вардар на домашен терен го пречекува Пик Сегед.