Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет: Вардар со 12 Куп трофеј, признанието МВП за Лука Циндриќ

0
By Нова ТВ on May 21, 2017 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 21, 2017 23:32

Вардар ја продолжи доминацијата во ракометниот Куп на Македонија за мажи. „Црвено-црните“ ја освоија четвртата титула во низа, 12 севкупно во натпреварувањето, по победата над Еурофарм Работник со 31:26 (полувреме 16:13) во финалето на завршниот турнир во Битола.

Мечот за трофејот беше во резултатски егал (7:7) до средината на првото полувреме. Вардарци во продолжение стиснаа гас и со серија од 3:0 поведоа со 10:7 за накратко потоа да имаат и највисоки пет гола предност (13:8) до десетминутната пауза меѓу двата дела.

Фото: rkvardar.mk

Вторите 30 минути минаа во знакот на Вардар чии ракометари рутински го одржуваа водството што во еден момент нарасна и на осум гола (27:19). До крајот битолчани успеаја само да го ублажат поразот од тимот што важеше за апсолутен фаворит и кој на почетокот на јуни го очекува настап и на Фајналфор турнирот во Лигата на шампиони во Келн.

Иван Чупиќ со осум гола беше најефикасен вардаров играч во финалето, по пет постигнаа Лука Циндриќ и Алекс Душебаев, по четири во победата вградија Игор Карачиќ и Александар Деревен, а Страхиња Милиќ забележа 13 одбрани. Прв стрелец кај Еурофарм Работник беше Филип Чурлевски со седум погодоци.

Фото: rkvardar.mk

Признанието за најкорисен играч на завршниот турнир во Купот на Македонија заврши кај хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ. Две индивидуални награди и покрај поразот, сепак, останаа во Битола. Градимир Чаневски беше прогласен за најдобар голман, а Филип Чурлевски за најдобар стрелец.

Вардар Куп на Македонија Лука Циндриќ Пелистер ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.