Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет (ж), ЕП 2017: Тежок пораз на Хрватска, триумф на Црногорките

0
By Нова ТВ on December 8, 2016 СПОРТ
Фото: swe2016.ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватска е на прагот на елиминација на Европското првенство во ракомет за жени во Шведска по убедливиот пораз од Норвешка, бранител на титулата, со убедливи 34:16 (15:9) во второто коло во групата Д. Исходот и не е изненадување ако се има предвид досието на Норвежанките кои ја имаат најтрофејната селекција во истроријата на ракометната игра. Имаат шест олимписки медала и од кои два златни, девет мундијалски одличја од кои три се златни и шест пати беа континентални шампионки. Оттука и разликата против „коцкестата“ селекцијата што минува низ фаза на подмладување беше евидентна овојпат.

Фото: swe2016.ehf-euro.com

Марит Фјафјорд со шест гола и Нора Морк и Сана Сорберг постигнаа по пет беа најефикасни во победничкиот тим. Морк имаше и причина плус за славје. Ја проби границата од 400 погодоци во кариерата во настапите за Норвешка. Андреа Пенезиќ со четири гола и Екатерина Немашкало со три беа предводници во составот на Горан Мрѓен. Хрватска, сепак, не е без шанси за место во главната рунда на турнирот за што е потребна победа од шест или повеќе гола разлика во мечот од третото коло со Романија. Романките, пак, славеа по 60. минути со Русија со 22:17.

Ѓурѓина Јауковиќ и Мајда Мехмедовиќ впишаа по седум реалиции и беа главни ликови во црногорската селекција во првиот триумф на шампионатот. Ако во првото коло Црна Гора беше „покуса“ за гол во мечот со Данска, во второто беше за гол „подолга“ од Чешка за конечни 28:27. Хрбкова со шест погодоци беше прв стрелец во чешкиот состав. Данска беше подобра од Унгарија со 23:19 во вториот меч во групата Ц и е сигурен учесник во наредната рунда.

ЕП 2016 – Шведска

Резултати, 2. коло

Група Ц: Данска – Унгарија 23:19, Чешка – Црна Гора 27:28. Табела: Данска 4, Чешка 2, Црна Гора 2, Унгарија 0

Група Д: Хрватска – Норвеша 16:34, Романија – Русија 22:17. Табела: Норвешка 4, Романија 2, Русија 2, Хрватска 0.

Денеска на ЕП 2016

Двојки, 3. коло

Група А: Шпанија – Словенија (18.30 ч.), Шведска – Србија (20.45 ч.)

Група Б: Германија – Полска (18.30 ч.), Холандија – Франција (20.45 ч.)

Европско првенство ракомет Хрватска Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.