Меѓу говорниците на големиот граѓански митинг на кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата се обрати и Наумче Мојсоски. Поранешниот македонски ракометен репрезентативец пред присутните изрази уверување дека Стево Пендаровски е вистинскиот избор и не се сомнева дека ќе максимално ќе се вложи во извршување на одговорната функција.

„Знам дека Стево ќе се вложи 100 отсто за нас ако ја добие поддршката. И тој ќе остави срце на терен за водење на државата напред кон подобар живот. Знам дека ќе игра за сите, нема да калкулира, нема да игра само за себе. Ја има мојата поддршка, да му ја дадеме сите за да продолжиме заедно напред“, повика Мојсовски.

Мојсоски истакна дека во изминатиот период се донесени тешки, но и правилни одлуки за земјата. Компромисите што се направени во насока на членство во НАТО и во ЕУ биле повеќе од потребни и порача дека силно верува дека патот по кој е придвижена државата е правилен и дека не треба да се отстапува.