Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракометот како фактор за обединување: Двете Кореи заедно на СП 2019

0
By Нова ТВ on November 6, 2018 СПОРТ
Фото: ihf.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Спортот зближува и обединува. Пример за тоа е претстојното Светско ракометно првенство (10 – 28 јануари) на кое Јужна и Северна Кореја ќе испратат заедничка репрезентација. Договорот за унифицирање го потврдија челниците на ракометните Федерации во двете земји и доаѓа по состанокот во севернокорејскиот пограничен град Каесонг. Спогодбата опфаќа тим од 20 играчи од кои 16 ќе бидат јужнокорејци и четворица севернокорејци.

Јужна Кореја обезбеди место на ракометниот мундијал како третопласирана во азиските квалификации преку кои не успеа Северна Кореја. Меѓутоа на помалку од два месеца до настанот во Германија и во Данска произлезе идеја за заеднички корејски настап од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ).

Двете земји размислуваа за формирање на заедничка женска селекција со оглед дека севернокорејките се поконкурентни од нивните машки колеги во меѓународни рамки, но предлогот на ИХФ наиде на поддршка од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и од Германија за претстојното СП 2019.

Бидејќи Јужна Кореја не се согласи за намалување на бројот на своите репрезентативци, ИХФ мораше да направи отстапка и дозволи заедничкиот тим на мундијалот да има 20 ракометари или четири повеќе од сите останати учесници што се резервирани за играчи од Северна Кореја.

Корејската репрезентација е во групата А на СП 2019 заедно со ко-домаќинот Германија, со Франција, со Русија, со Србија и со Бразил.

Во групата Б ќе играат Шпанија, Хрватска, Исланд, Македонија, Бахреин и Јапонија, групата Ц ја сочинуваат Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле и Саудиска Арабија додека групата Д ќе понуди пресметки меѓу Шведска, Унгарија, Катар, Египет, Ангола и Аргентина.

Јужна Кореја обединување ракомет Северна Кореја СП 2019
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.