Премиерот на Албанија, Еди Рама повторно ги повика на средба лидерите на албанскиот блок партии од Македонија.
Албанските медиуми пишуваат дека во Тирана Рама ќе оствари средба со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, Билал Касами од Беса, Зијдин Села од Алијансата на Албанците и Мендух Тачи од ДПА.
Неофицијално, на средбата тој ќе понуди документ-програма со совети и препораки за партиите.
Албанскиот премиер се залага да го обедини албанскиот блок, за партиите да направат заедничка стратегија и заедно да влезат во новата влада.