Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама и Заев во посета на Пустец, ветија реновирање на училиштето

0
By Нова ТВ on December 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, заедно со албанскиот колега Еди Рама денеска беше во посета на општината Пустец.

Во македонската делегација со Заев беа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за образование, Рената Дескоска и министeрот за дијаспора, Едмонд Адеми.

Албанскиот премиер беше придружуван од Дитмир Бушати, министер за Европа и за надворешни работи, Линдита Никола, министерката за образование и Пандели Мајко, министер за дијаспора.

Видео и фото материјалот се официјални снимки на Владата на Република Македонија

Двајцата премиери прво разговараа со раководителите, наставници и ученици во едно од училиштата во општината, С.У. „Трајан Горѓиовски и Митре Колевски“, се вели во соопштението од Владата.

Заев донираше книги и работни материјали за учениците.

Тие имаа заеднички состанок со преставници на општината Пустец, заменик градоначалникот и советниците, кои ги објаснија приоритетите за коишто очекуваат поддршка, меѓу кои е и реновирање на училиштето.

„Присуството на двајцата први луѓе на извршната власт во Македонија и во Албанија, тука во Пустец е голема симболика за унапредувањето на односите меѓу двете земји“- изјави Заев на состанокот. Toj му се заблагодари на Рама за грижата што ја покажува за граѓаните со македонско етничко потекло во Албанија.

Потоа премиерите Заев и Рама имаа заеднички состанок со претставници на општината Пустец. Тие ги објаснија приоритетите за коишто очекуваат поддршка. Еден од нив е и реновирање на училиштето, за што премиерот Рама се обврза дека ќе биде реновирано, како и дека општината ќе добие поддршка во комуналните проекти и проектите за локален развој што беа посочени на средбата.

На состанокот со локалните власти во Пустец, премиерот Заев најави дека и Македонија ќе помогне во решавањето на прашањата што се од важност за жителите со македонско етничко потекло во Албанија.

Премиерот Заев и премиерот Рама заедно запалија и свеќи во црквата Свети Архангел Михаил во општина Пустец, каде премиерот Заев остави лична донација.

Премиерот Заев, во рамки на работната посета на Република Албанија, синоќа се сретна и со преставници на сите здруженија на жители со македонско етничко потекло во Албанија од Преспа, Корча и од Голо Брдо, како и со претставници од политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција.

На состанокот се разговараше за унапредување на употребата на македонскиот јазик во местата каде што живеат граѓани од македонско етничко потекло, како и за начините на коишто може да се унапредат културните, образовните, инфраструктурните потреби.

Инаку, Владите на Република Македонија и на Република Албанија вчера во албанскиот град Подградец одржаа прва заедничка седница, од каде што порачаа дека двете земји очекуваат наредната 2018 година да ги започнат преговорите за зачленување во Европската унија, да го искористат моментот на позитивна клима во регионот за напредок во тој процес.

Заев најави одржување меѓувладина седница наредната година во Охрид или Струга.

Албанија Еди Рама заедничка седница Зоран Заев Македонија Пустец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.