Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама: Малите народи како нас треба да ја поддржат Украина, за да не се претвориме во храна за Русија

0
By Marija Todorovska on February 28, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 28, 2024 13:29

Албанскиот премиер Еди Рама, во својот говор на почетокот на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана, ја истакна потребата да се поддржи Украина и да се запре руската агресија.

– Гледам тука познати лица. Се собравме да разговараме за нашите предизвици, да гледаме напред наместо да гледаме наназад во историјата на поделбите што не држеа како заложници. Иднината што ја гледаме е заедничка иднина. Истата надеж што не собра сега не обединува со украинскиот народ. Тука сме да изразиме поддршка за Украина, за вас, господине претседателе, и да бараме Русија да престане. Ние стоиме на страна на Украина, која е нападната, изјави Рама.

Тој додаде дека „животот на Украина како слободен народ зависи од финансиската поддршка што ја даваме“.

– Единствениот избор што го имаме е да се спротивставиме колективно. Правиме сè што можеме за да не дозволиме агресијата да биде наградена. Не смееме да дозволиме Русија да победи. Нашиот заеднички сон за просперитетен мир ќе биде доведен на работ на темна иднина. Оваа борба е и за нашата слобода и достоинство. Албанија направи што можеше и ќе продолжи да го прави тоа. Решени сме да останеме покрај Украина. За малите народи како нас, кои не треба да се претворат во храна за Русија, треба да се поддржи Украина, порачал Рама.

Како коорганизатор на самитот Зеленски во обраќањето искажа голема благодарност и предложил да се формира посебен форум за „одбранбена индустрија меѓу неговата земја и Балканот“

Според него Украина и балканските земји заслужуваат да бидат дел од европската и евроатлантската заедница.

– Прво, ние веруваме дека секоја принципиелна нација во Европа заслужува целосна интеграција. Украина ви е многу благодарна за поддршката што ни ја давате за нашата интеграција. Второ, благодарен сум на сите народи и држави за формулата на мирот. Предноста е што секоја точка од овој договор може да се реши. Секој може да придонесе за мир. Затоа, ве повикувам да учествувате на Самитот за мир што ќе се одржи во Швајцарија. Второ, кога нациите соработуваат, сите се овластени, поради што сме горди што соработуваме на различни полиња. Гледаме снабдување со муниција, затоа предлагаме да се организира заеднички форум за областа на одбраната. Ви благодарам за добрата работа што е направена за Украина и Киев, наведе Зеленски.

Еди Рама Самит Тирана Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.