Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама му се обрати на Заев со брат: Ние не сме тие кои не успеавме, ова е неуспех на ЕУ

0
By Sashko on June 23, 2021 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние повторно ќе треба да чекаме, но ќе продолжиме да го правиме истото и да се потпираме на себе, а не само на тоа што го кажува Брисел, изјави премиерот на Албанија, Еди Рама на панел на Првиот Економски форум во Скопје на кој учествува и премиерот Зоран Заев коментирајќи го неуспехот на ЕУ да испорача датум за почеток на преговори за Скопје и Тирана.

– Ние повторно ќе треба да чекаме. Но, за мене ова не е чекање, едноставно треба да продолжиме да го правиме истото, да одиме напред и не само да се потпираме на тоа што го кажува Брисел, меѓутоа да се потпираме на самите себе, на нашата сопствена енергија да направиме максимум со цел да ги споиме мисиите во една, народите во еден народ, земјите во една зона каде што нема да има ограничувања на соработката, рече Рама на обраќањето нарекувајќи го брат премиерот Зоран Заев.

Тој ја нагласи важноста од регионалната соработка за напредок на регионот.

– Ние сме премали за да живееме изолирани едни од други, премали за да ја бараме иднината за нашите деца сами, но ние тоа можеме да го направиме заедно. Нашите простори кои се ограничени со граници не се доволно привлечни за да се направи трансформациска промена како економии, но нашата заедничка економија е привлечна и ние треба да ја направиме доволно привлечна за сите, да инвестираат да видат можност за екопномски развој за своите компании и за луѓето во овој регион, порача Рама.

Според него, по решавањето на спорот со Грција и потпишувањето на Преспанскиот договор, сите имаат право да се чувствуваат фрустрирано од блокадата која, овој пат, доаѓа од Бугарија.

– Сите имаат право да се чувствуваат целосно фрустрирани, затоа што одеднаш сега се појавува Бугарија и бара нешто повеќе. Му реков на Зоран се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија, затоа што тогаш ќе треба да се вратите пак кај Грците да преговарате, рече на шега Рама.

Според него, неуспехот да се донесе одлука за почеток на преговорите со С. Македонија и Албанија е неуспех на ЕУ.

– Не сме ние тие кои што не успеавме, тие не успеаја. Тие ги имаат своите причини и ги разбирам тоа е нивниот дом, а ние сакаме да влеземе во таа куќа. Ние сме европејци без ЕУ, ние сме ЕУ, но сепак сме Европа. Единствеениот проблем е што, сепак, тие можеа да кажат „ние ве сакаме, сакаме да бидете внатре но имаме некои работи кои прво треба да си ги решиме. Вашите простории, вашите соби сè уште не се подготвени“. Тоа што тие постојано го викаат е вие уште не сте подготвени, но тоа не е вистина. Едноставно можеа да кажат „си ја завршивте работата, но ние не сме подготвени, рече Рама.

Албанија Еди Рама ЕУ Зоран Заев Македонија преговори Скопски економски форум членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.