Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама: За нас е најважно што ќе се случи меѓу Западен Балкан и ЕУ

0
By Нова ТВ on December 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 5, 2017 15:27

-Нашето прашање не е што ќе се случи меѓу нас (на Западен Балкан – н.з.), туку меѓу нас  и Европската унија, изјави денеска во Брисел албанскиот премиер Еди Рама, отворајќи го 18. политички самит за Западен Балкан и ЕУ, организиран од стручната организација „Пријателите на Европа“, заедно со Регионалниот совет за соработка, а со поддршка од Европската комисија, УНДП, Фондацијата Конрад Аденауер и Фондацијата браќа Рокфелер.

– Европската унија е важна движечка сила за Балканот, бидејќи без неа регионот не би можел да ги спроведува реформите и се што се случува е затоа што Балкканот сака да биде дел од европското семјество. Ако оваа надеж избледи, работите би можеле да отидат во погрешна насока, објасни Рама на собирот наречен „Западен Балкан на крстопат: Нови предизвици, промена на динамиката“.

Генералниот секретар на Рeгионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ истакна дека Повеќегодишниот акционен план (MAP) за Регионален економски простор на Западен Балкан, а кој беше поддржан од лидерите на шесте земји летоска во Трст, е во центарот на разговорите и е наведен како исчекор кон заедничката цел – пристапување во Европската унија.

-Имаме план за напредок на регионот и сега треба да го спроведеме, изјави Свилановиќ, појаснувајќи дека станува збор за јасен план за подобрување на трговијата, вклучувајќи ја и трговијата со услугите, отстранување на нецаринските бариери, пронаоѓање начини за привлекување странски инвеститори, мобилност на експерти, истражувачи, иноватори, студенти и на крај, од пресудна важност – дигитализација и дигитална интеграција на регионот.

На панелот за економската соработка, како што соопшти РСС, беше изнесен податокот од Извештајот за спроведување на Стратегијата 2020 на РСС, според кој во минатата година е направен пробив во отворањето на нови работни места во шесте земји од Западен Балкан. Само во 2016 г. биле отворени 400 илјади нови работни места и иако стореното се разликува од економија до економија, се очекува овој тренд да продолжи во оваа и во наредната година.

Генералниот директор во Европската комисија за европска политика добрососедство и проширување Кристијан Даниелсон изјави дека меѓу лидерите од Западен Балкан постои голема посветеност да се направи прогрес во реформите, со цел пристапување во Европската унија.

-Видовме промени на економските модели во во регионот кои се охрабрувачки. Потенцијалот на регионот лежи во регионалната соработка. Во блиска соработка со РСС во моментов работиме на Регионалниот економски простор, бидејќи го гледаме како силен придвижувач на растот и отворање нови работни места, што ќе донесе полза на луѓето. Не станува збор за алтернатива за пристапувањето кон Европската унија, туку за загревање за влегување во Унијата – потенцираше директорот Данијелсон.

Еден од учесниците на панелот „Мисли локално, делувај регионално“, е и градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

 

Брисел ЕУ Западен Балкан Рама РСС Свилановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.