Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расправата за Законот за јазиците одложена, амандманите се преведуваат

0
By Нова ТВ on January 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 29, 2018 13:26

Собранието денеска ја започна седницата на чиј дневен ред како прва точка беше амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците, откако тој не беше потпишан од претседателот Ѓорге Иванов, а ВМРО ДПМНЕ во текот ан викендот поднесе над 35.000 амандмани, но расправата беше одложена бидејќи како што беше сооппштено, службите во Собранието се уште работат на преведеување на амандманите, затоа што согласно законот, треба да им бидат доставени на пратениците и на албански јазик.

Пратениците од  ВМРО ДПМНЕ денеска по подолг период се појавија во собраниската сала. Откако оваа точка беше одложена, а на се продолжи со изјаснување по следните точки, меѓу кои потребата потребата од донесување измени на законот за образование по скратена постапка и изборот на тројца потпретседатели на Собранието, пратениците од опозицијата накусо ја напутија салата, а потоа се вратија.

Пратеникот Илија Димовски обвини дека со најавувањето на амандманската расправа како точка на дневен ред, а потоа и одложувањето, власта спроведува „силување на демократијата“ и намерно на дневен ред се става точката на дневен ред за избор на потпретседатели на Собранието, со цел да можат тие да го менуваат Џафери, во дебатата што ќе следува токму по илјадниците амандмани.

-Почнуваме седница која е од огромно значење. Со досегашните постапки СДСМ и ДУИ покажаа огромна неодговорност од аспект „сега е момент се да се земе без да се има одговорност“. Она што мнозинството сака да го направи денеска е класично силување на демократијата. Покрај сите прекршувања на Деловникот, ставање на европско знаменце на законот, негово разгледување на Законот пред Комисијата за европски прашања која не е матична комисија, одбивање јавна расправа, отфрлање на сите 84 амандмани и одбивање да се расправа за нив, значи Собранието воопшто не се произнесе за претходните амандмани. Покрај се владејачкото мнозинство има намера да направи друг чекор за да го протурка законот , рече Димовски.

Тој побара пауза од еден час, бидејќи како што рече непосредно пред почетокот на седницата добиле порака според која парламентарното мнозинство има намера да стави точка на дневен ред избор на потпретседатели, за што се предложени Фросина Ременски од СДСМ, Горан Мисовски од НСДП и Весел Мемеди од НДП.

Џафери прво ја објасни процедрата, како бил донесен Законот за употреба на јазиците, во време кога опозицијата ја бојкотираше работата на Сбранието и сите комисии, меѓу кои и матичната за европски прашања, каде требало да се разгледуваат амандманите, нарекувајќи ја таквата одлука на опозицијата „политичка“.  Тој потенцира дека тој закон и изборот на потпретседатели на Собранието не треба да се доведуваат во корелација.

-Мислам дека 9 месеци беа доволно за да разберете дека изборот на овие потпретседатели нема ништо да смени во однос на мојата обврска да бидам тука додека траела дебатата, онака како што сте ја барале. Јас како претседател на Собранието, во однос на дебатата сум подготвен пратениците да добијат дебата, онолку време колку што ќе побараат, рече Џафери и даде еден час пауза на барање на Димовски.

Поднесени над 35.000 амандмани

Официјалната бројка на амандмани е 35.573, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието. За нив ќе треба да расправа, според изјава на спикерот Талат Џафери, најмалку шест месеци. На ова треба да се додадат и ресурсите што Парламентот треба да ги потроши само за да се донесе еден закон. Дополнително, и уште поважно, е блокирањето на поголем дел од другите закони и активности планирани од мнозинството.

За архивирање, обработување и ставање во е-системот на Парламентот викендот беа ангажирани околу 120 вработени во собраниските служби. За да се разгледаат сите поднесени амандмани на Парламентот ќе му бидат потребни месеци.

Според Деловникот, поднесените амандмани ќе бидат разгледувани само на пленарна седница. Предлагачот ќе има три минути да ги образложи и амандманот ќе може да се гласа. За да биде донесен потребно е 61 глас. Координаторите на пратеничките групи имаат право и на процедурална забелешка од три минути. Доколку се слични амандманите можат да се групираат, објаснуваат од собраниските служби, но тие ќе мора да се гласаат поединечно.

Димовски Закон за јазици избор на потпретседатели Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.