Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раст на бројот на вакцинирани лица: Се исправа кривата на новозаразени со ковид-19

0
By Sashko on August 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По две недели континуиран раст на заразени со ковид-19, кривата се исправа, а значително е зголемен интересот за вакцинација кај граѓаните. Невакцинирани од новозаразените со ковид-19 се 85 отсто и 91 процент од хоспитализираните.

Вчера се регистрирани 1.074 нови случаи на ковид-19 од 7.571 тестирање, додека починаа 24 лица. Најлоши 24 часа од почетокот на пандемијата имаше ковид-центарот во Тетово со девет починати и 18 хоспитализирани пациенти, а поради сериозни компликации од повеќе хронични болести, дел од нив биле однесени во Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 166.741, на оздравени пациенти е 151.692, на починати е 5.632, а бројот на активни случаи изнесува 9.417.

Според податоците на Министерството за здравство (МЗ), вакцинирани се вкупно 638.428 граѓани, а ревакцинирани 495.803 лица, односно аплицирани се вкупно 1.134.231 милиони дози на вакцини.

Прва доза на вакцина завчера примиле 13.275 граѓани, а вкупно се вакцинирале 17.623 граѓани. Со последните бројки, барем една доза на вакцина примиле 70 отсто од населението над 70 години, 67 проценти од луѓето над 65 години, 63 отсто над 60 години и 53 отсто од населението над 50 години.

Од МЗ апелираат за масовно вакцинирање за спречување на тешка форма на болеста и намалување на ризикот од заболување и смртен исход. Притоа потсетуваат дека за вакцинирање не е потребно закажување кое важи само за малолетници од 12 до 17 години кои треба да бидат пријавени за термин на веб-страницата vakcinacija.mk.

Според двонеделната анализа на МЗ, од позитивните на ковид-19 на територијата на државата, 1.507 биле целосно вакцинирани (со две дози) или само 15 проценти.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според двонеделната статистика, 8.374 од позитивните лица не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91, додека само девет отсто од сите 724 моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Во период од две седмици, на територија на државата починало 101 лице од кои 92 не биле вакцинирани, а само девет лица имале примено вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе хронични заболувања, наведува Министерството.

Во анализата за вакцинирани се сметаат лицата вакцинирани со две дози, кои поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза.

Вакцинирање Ковид-19 Крива Македонија МЗ раст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.