Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раст на ковид случаите, според ЕЦДЦ засега нема потреба од трета доза на вакцина

0
By Sashko on September 3, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 3, 2021 08:04

Не стивнува бројот на новодијагностицирани ковид случаи во земјата, а преку 20 починати донесе и вчерашниот дневен биланс. Во меѓувреме се одвива вакцинацијата на сите пунктови низ државатам како и теренската имунизација.

Во земјава заклучно со 1 септември се вакцинирани вкупно 733.226 граѓани. Во државата се аплицирани вкупно 1.280.332 милиони дози на вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани.

Согласно последните бројки, 53 отсто од населението над 40 години и 28 отсто од населението меѓу 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Кај нас досега се направени вкупно 1.169.901 милиони тестови за ковид-19. Од почетокот на пандемијата се дијагностицирани 178.159 случаи, оздравеле 157.294 пациенти, а починале 5.987. Бројот на активни случаи изнесува 14.878.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), засега нема итна потреба од трета доза вакцина за општата популација. Се препорачуваат дополнителни дози или „засилувачи“ за луѓе со ослабен имунолошки систем, во согласност со ставот на СЗО.

ОД ЕЦДЦ наведуваат дека приоритет е да се вакцинираат оние кои не ја завршиле вакцинацијата. Притоа потенцира дека сите вакцини што се одобрени во ЕУ штитат од хоспитализација и тешки форми на ковид-19.

Според сегашните сознанија, нема итна потреба за аплицирање на дополнителни дози за целосно вакцинирани лица. Но, дополнителните дози за луѓе со сериозно ослабен имунолошки систем треба да се земат предвид како дел од нивната вакцинација, доколку не постигнале доволно ниво на заштита, подвлече европската агенција со седиште во Стокхолм.

На 18 август, Светската здравствена организација (СЗО) го критикуваше брзањето на богатите земји за третата доза на вакцина против ковид-19. Досегашните научни податоци, нагласи, не укажуваат дека има таква потреба.

Давањето трета доза сега би било како да се додаде „спасувачки елек за луѓето што веќе го имаат, додека другите да се удават без и најмал елек за спасување, рече директорот за итни случаи во СЗО, Мајк Рајан.

Вакцина ЕЦДЦ Ковид-19 Македонија Трета доза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.