Околу 200 членови на еден од најпознатите мафијашки кланови, уапсени се во заедничката акција на полицијата на Италија и Германија.

Според воената полиција, уапсени се припадници на криминалната група Ндрангета, чие седиште се наоѓа во регионот Калабрија.

Акцијата е спроведена заедно со германската полиција, бидејќи фамилиите Фарао и Маринкола, кои ја предводат групата, работат во двете земји, во сектори кои се занимаваат со производството на вино, храна, собирање отпад и погребални услуги.

Меѓу уапсените има и официјални лица, кои се осомничени за корупција, но не се наведува дали се од Италија или од Германија.

За време на акцијата одземен е имот вреден 50 милиони евра, а деталите за акцијата ќе бидат објавени во текот на денот.