Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ребаланс на Буџетот: Расходите намалени за 47 милиони евра

0
By Нова ТВ on July 7, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот и го достави до Собранието. Премиерот Зоран Заев на прес-конференција изјави дека ребалансот ќе ги усогласи разликите на проектираното и реализираното, дека ќе има кратење на непродуктивните трошоци, а дека приходите се сведени на реални очекувања.

Според Заев приходите за наредниот период се сведени на реални очекувања, а дефицитот од 2.9 отсто не е зголемен. Проекцијата на минатата влада за раст на БДП во 2017 бил 3 отсто.

„Имајќи предвид дека растот во првиот квартал е 0 проценти, наша проекција дека растот на БДП ќе биде 2,2, отсто“, рече Заев.

Најголемо кратење ќе има во премиерскиот буџет од 420 милиони денари, кај средствата предвидени за реклами и промоција. Со буџетот се кратат непродуктивните трошоци со што, како што нагласи премиерот, се прави заштеда, а приходите се сведени на реалните очекувања.

За што се трошело, или подобро расфрлало пари, Заев покажа со договорот за рекламирање на Си-Ен-Ен кој ја чинел државата 950.000 евра.

„Скратени се парите предвидени за кампањи и владини рекламирања во странство и дома. Кратењето ќе изнесува 420 милиони денари кои беа наменети за реклами и промоции. Со ребалансот ќе се опфатат стечајните рабтниците, како и субвенциите за зголемување не минималната плата на 12.000 денари од 1 септември. Со минималната плата ќе бидат опфатени 70 илјади граѓани “, рече Заев.

Тој соопшти дека владата обезбедила пари за 3.000 стечајци кои ќе добиваат месечен надомест. Во Буџетот 9 милиони евра се планирани за сите активни мерки за нови вработувања за младите. Приходите од даноци се проектирани на пониска основа, за како што рече Заев, да бидат на реална основа.

Премиерот рече дека основна цел на Владата е да креира Буџет кој на најдобар начин ќе овозможи реализација на ветувањата што ги дадоа и дека ќе овозможат услови за непречено остварување на финансиските планови.

Премиерот рече дека досега е откриен скриен долг кон стопанството од 400 милиони евра но тој долг се очекува да расте, затоа што не се „детектирани“ сè  уште сите долгови.

– Нема потреба за загриженост. Ќе ги продолжиме и ќе ги завршиме капиталните инвестиции, ќе ги доизградиме салите и училиштата што се почнати. Почнавме да ги решаваме проблемите со автопатот, а ќе почнеме и со изградба на други патишта кои воопшто не се почнати – рече премиерот.

Тој очекува дека ребалансот на Буџетот ќе биде донесен пред Илинден.

 

буџет Влада Зоран Заев ребаланс реклами
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.