Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Референдумот за Казандол ќе стигне до Уставниот суд

0
By Нова ТВ on July 7, 2017 ПОЛИТИКА
градоначалникот на Валандово - Николче Чурлиновски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски, за НОВА ТВ вели дека одлуката за запирање на Референдум за рудникот Казандол ја донел за да се заштити себе си, општината и Советот.

Тој изјави дека го почитува гласот на граѓаните за или против отворање на рудникот, но за да донесе било каква одлука ќе мора најпрво да се расчистат законските недоумици.

„Во меѓувреме ќе се обратам до Уставниот суд и до Министерството за локална самоуправа (инспекторат) за толкување на законот – дали може да се распише референдум за рудниците кои не се во наша надлежност, туку во надлежност на Владата“ , изјави градоначалникот за НОВА ТВ.

Чурлиновски вели дека се одлучил на овој чекор, со оглед на лошото искуство на градоначалничката од Богданци, Анастасија Олумчева, која доби кривична пријава од инвеститорот „Сардич МЦ“ за незаконито постапување и одлучување за прашања кои не се во надлежност на локалната власт.

Градоначалникот тврди дека одлуката за запирање на референдумот, не значи дека тој е против изјаснување на граѓаните, туку уште еднаш нагласи дека тоа го сторил во интерес на општинската власт.

За разлика од Чурлиновски, од иницијативата „Спас за Валандово“, велат дека не е вистина дека општината не смее да распише референдум.

„Според Законот за локална самоуправа општината не е надлежна единствено за буџетот и кадровски решенија, за се друго има ингеренции. А, дали ќе има правна важност референдумот или ќе биде само консултативен тоа ќе одлучи централната власт“, вели Роберт Марков од „Спас за Валандово“.

Градоначалникот Николче Чурлиновски, денеска соопшти дека ја запира одлуката на Советот за распишување на локален референдум ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот Казандол и други рударски комплекси на територијата на општината.

Во образложението градоначалникот наведува, „Советот не е надлежен за вакви одлуки“ и референдумот би бил „незаконско и неовластено трошење на градскиот буџет“.

Процесот на распишување на референдум во Валандово се одложува со месеци, откако два пати беше одбиена граѓанска иницијатива, а сега и иницијатива на советници.

Советниците информираат дека на следната седница на Советот одново ќе биде ставена на дневен ред точката за референдум и доколку по втор пат биде изгласана, тогаш градоначалникот нема да може да ја спречи одлуката.

 

 

Валандово Николче Чурлиновски рудник Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.