Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реформаторите бараат оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски

0
By Нова ТВ on October 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска побараа одговорност за изборниот пораз од лидерот Никола Груевски и луѓето околу него и побара во партијата да се организира управувачки комитет, кој ќе го организира следниот конгрес на партијата, а на кој би се изгласал нов подемократски статут на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече Петар Богојески од „реформаторите“, Груевски треба да ја прифати одговорноста и за потрошеното време во партијата кое било посветено на притисоци, етикетирања и на нови поделби.

„На лидер на ВМРО-ДПМНЕ му доликува да ја преземе одговорноста. Господине Груевски, бидете маж и преземете ја одговорноста, бараме веднаш да поднесете неотповиклива оставка од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Богојески.

Тие сметаат дека единственото решение за враќање на довербата на граѓаните е преку здрава и демократска дискусија во партијата да се пронајдат причините за тоа и партијата да излезе подобра од целиот тој процес.

„Ова е време да дејствуваме достоинствено, да се соочиме со реалноста, да преземеме активности и мерки за да ја вратиме довербата на граѓаните“, рече Богојески.

Тој во име на иницијативата побара сите општински и месни комитети на партијата да се отворат за здрава дискусија и веднаш да престанат сите закани за исклучување кон членовите што не се согласуваат со водството.

„Господине Груевски, иднината е во обединување, а не во поделби“ рече Богојески, најавувајќи дека во седиштето на партијата ќе поднесат барање веднаш да почне постапката за формирање на управувачкиот комитет кој би го организирал следниот конгрес.

Доколку не бидат исполнети барањата на реформаторите, како што рече Богојески, тие ќе преземат пожестока акција сè додека партијата не се демократизира.

„Бараме партија каква што ни ја оставија предците, а не заробена партија. Ни треба енергија за нови победи, а не реваншизам и закани“, рече Богојески.

Одговарајќи на новинарско прашање, Богојески рече дека сосема погрешно е да се бараат предвремени парламентарни избори, затоа што, како што покажале резултатите од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ ваква каква што е може да се надева само на пораз.

ВМРО-ДПМНЕ избори Никола Груевски реформатори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.