Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Рејтинг“: За мнозинството, Заев би бил подобар премиер од Мицкоски

0
By Нова ТВ on February 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој до неодамна ја водеше македонската Влада би бил подобар иден премиер на државата во споредба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Таков став имаат 32 отсто од испитаниците во најновото испитување на јавното мислење на агенцијата „Рејтинг“, додека 27 отсто „кренале рака“ за Мицкоски.

Како што може да се забележи од резултатите, граѓаните во значително повисок процент сметаат дека СДСМ може да обезбеди побрзо членство на државата во ЕУ и НАТО и да осигура поголема слобода и демократија. Исто така, за отсто повеќе граѓани сметаат дека СДСМ може да обезбеди подобар економски стандард од ВМРО-ДПМНЕ и исто толкав процент повеќе, дека може да обезбеди поголема независност на судството. Во однос на другите мерени области нема значајни разлики во одговорите, односно ниту една од партиите нема значајна предност.

Она што, сепак, треба да се забележи е дека процентот на граѓани кои се изјасниле дека ниту Влада предводена од Заев ниту од Мицкоски може да го намали криминалот и корупцијата е значително висок (44 отсто).

На прашањето „Кој е според Вас најважниот проблем со кој моментално се соочува Република Северна Македонија, граѓаните како три најважни проблеми ги посочуваат ниските плати и животниот стандард, криминалот и корупцијата и невработеноста. На четврто место следат високите трошоци за живот, а веднаш потоа иселувањето на луѓето.

Во однос на тоа која активност или мерка превземена од Владата на СДСМ во изминатите две и пол години граѓаните ја сметаат за најпозитивна, предничат покачувањето на платите, минималната и просечната, а потоа напредокот во Евроатланските интеграции. На трето место е зголемувањето на социјалната помош.

„Ако се има предвид дека Владата предводена од СДСМ во последните две и пол години интензивно работеше на решавање на спорот за името и на конечно деблокирање на процесите за евроатланското интегрирање на Македонија и дека земјата е веќе пред полноправно членство во НАТО и пред добивање датум за започнување на преговори за членство во ЕУ, овие одговори на граѓаните се сосема очекувани. Покачувањето на платите но и зголемувањето на социјалната помош, според оваа анкета станува се повидливо за граѓаните, како резултат од работењето на владата на СДСМ“, се вели во истражувањето на „Рејтинг“.

Во анкетата мнозинството граѓани негативно ја оценуваат работата на техничките министри кои ги постави ВМРО-ДПМНЕ во Владата. Високи 44 отсто рекле дека нивната работа ја оценуваат негативно, додека 35 отсто рекле дека ја оценуваат позитивно. Еден од пет испитаника не знае или нема мислење за работата на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетата била спроведена на примерок од 1.080 испитаници, во период од 18 до 29 јануари, со метод „интервју лице в лице“, а статистичката грешка изнесува од -3 до +3 отсто.

анкета Зоран Заев рејтинг Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.