Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Рекет“ одложен за 27 јануари, повторно не дојдоа адвокатите на Јанева

0
By Нова ТВ on January 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за случајот „Рекет“ се одложува за 27 јануари 2020 година, откако на денешното рочиште поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева повторно се појави без своите адвокати Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска.

Со оглед дека се работи за сериозен предмет со затворски притвор, судијката Васка Николовска-Масевска, ја повика Јанева да се произнесе дали ќе ангажира друг адвокат, бидејќи вакво одложување е неприфатливо.

„Јас си имам бранители. Само тоа можам да кажам“, изјави Јанева.
Судијката реагираше дека може да продолжи и со некој од адвокатските канцеларии на нејзините бранители или во краен случај со бранител по службена должност.
„Судот ќе побара од претседателот на Судот да постави бранител по службена должност, доколку одбраната на Јанева не се појави и во понеделник“, изјави судијката Николовски-Масевска.
Судијката, на почетокот на денешното рочиште, информираше дека до Судот на 21 јануари пристигнал поднесок од адвокатката Фрчковска дека поради болест не може да присуствува на денешното рочиште. Случајот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште требаше да сведочи поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“.
адвокати Катица Јанева Лиле Стефанова рочиште Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.