Европската комисија (ЕК) ја одобрила употребата на лекот Ремдесивир за третман на тешки случаи на Ковид-19 во земјите од Европската Унија (ЕУ), јави агенцијата ДПА.
„Нема да оставиме ниту еден непоместен камен во нашите напори да обезбедиме ефикасни третмани или вакцина против коронавирусот“, изјави еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес.
Ремдесивир е прв лек што доби одобрение за употреба во ЕУ. Произведен е од американската биотехничка компанија „Џилед“ и првично бил развиен за третман на заболени со ебола, но имал мал ефект.
Меѓународната студија со над 1.000 учесници на крајот на април покажа дека Ремдесивир може да го намали времето потребно за заздравување на пациентите со Ковид-19 од 15 дена на 11 во просек, пренесе ДПА.