Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ременски: Ако возилата се на МТСП, зошто Агенцијата плаќа за одржување

3
By Нова ТВ on November 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не постојат договори со кои возила од Агенцијата за вработување му се префрлени на Министерството за труд и социјална политика, рече на денешната прес-конференција, министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

Таа повторно ги повика дополнителниот заменик-министер Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Владо Поповски да си поднесат оставки и за двајцата најави кривични пријави за злоупотреба на службена должност.

Според Ременски, и лани и оваа година, кога дошла како министерка, во министерството за труд и социјала направила попис на движни и недвижни ствари, а овие возила ги нема во ниту еден попис кој го направиле.

Ременски додаде дека во Правилникот за работа на Агенцијата за вработување не е предвидено Директорот да може да отуѓува возила, како и дека отуѓување на возила не може да се направи ако не е донесена одлука на влада. А според министерката, таков документ во министерството нема.

„Еден договор за возила постои, но со тој договор Владата и дава 4 возила на користење на Агенцијата за вработување, а не обратно. Ако возилата за кои зборуваше директорот на Агенцијата за вработување се сопственост на Министерството за труд и социјална политика, не ми е јасно зошто одржувањето и регистрирањето се на сметка на Агенцијата за вработување. Исто така, сакам да прашам дали навистина постојат дупли картички за гориво, четири кај лица вработени во Агенцијата кои бензин точеле на бензиските на „Пуцко петрол“ и четири кај непознати лица од Министерството кои бензин точеле на бензиските на „Макпетрол““, рече Ременски.

Министерката денеска информираше и дека возачот кој во полиција се пријавил дека го возел службеното возило во петокот кога се случија сообраќајните незгоди, од вчера заминал на боледување.

НОВА го контактираше директорот на Агенцијата за реакција на прес-конференцијата, но тој ни рече дека телефонски не дава изјави и сите прашања да му ги испратиме на мејл и во текот на утрешниот ден ќе ни биде одговорено. Се обидовме да стапиме и во контакт со дополнителниот заменик-министер, но Спасов не одговараше на телефонските повици.

Подоцна, во текот на денот од Агенцијата за вработување излегоа со реакција на прес-конференцијата во која пишува дека Ременски се обидува да води црна политичка кампања и зборува работи кои се далеку од реалноста.

„Сите постапки за кои говореше техничката министерка се во рамки на законските процедури. Ја повикуваме во рок 48 часа јавно да се извини за изнесените лаги во спротивно ќе и биде поднесено тужба согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“, пишува во реакцијата од Агенцијата.

Агенција за вработување злоупотреба на службена должност сообраќаен прекршок Фросина Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.